×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Децата ќе бидат поуспешни доколку нивните професори имаат позитивна слика за нивните родители

    20.12.2019 06:49 | KumanovoNews

    Децата ќе бидат поуспешни доколку нивните професори имаат позитивна слика за нивните родители, покажуваат студиите направени од професорот Херман, ко-директор на Центарот за превенција во Мисури.

    Децата ќе бидат поуспешни доколку нивните професори имаат позитивна слика за нивните родители

    Општо познато е дека вклученоста на родителите во животот на децата е од есенцијално значење, како од психолошка така и од социјална страна. Истражувањето направено од Универзитетот во Мисури Колумбија кое е публикувано во нивниот весник наменет за психологија укажува на потребата од здравата комуникација во тријадата ученик-професор-родител.

    Истражувањето кое го спровел овој професор заедно со неговиот тим опфатило 100 наставници и повеќе од 1800 ученици. Наставниците биле распоредени по случаен избор на програмата за професионален развој, креирана за развој на ефективни односи со родители и ученици и подобрување на менаџерските способности во паралелките, т.е училниците. Исто така од наставниците било побарано да направат анкети за родителите и учениците на почетокот и на крајот на годината. Конечниот преглед бил насочен кон набљудувањето на однесувањето на студентите и професорите.

    „Ако професорот има добри односи со родителите на ученикот или смета дека тие родители се позитивно ангажирани во образованието на своето дете, тогаш тој наставник веројатно ќе посвети и поголемо внимание или ќе направи исчекор за својот ученик. Ако истиот учител смета дека родителите на друго дете не се инволвирани или имаат негативно влијание врз образованието на детето, тоа веројатно ќе влијае на тоа како наставникот комуницира и со детете и со родителот“, - вели професорот Херман.

    Тој исто така смета дека по исчитувањето на оваа студија од страна на професорите ќе се промени нивниот став кон родителите на децата кои се социјално загрозени или имаат некој сериозен семеен проблем, затоа што со избегнувањето на комуникацијата со тие родители тие всушност им нанесуваат штета и на самите деца.