×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Деми Мур очајна поради врската на Ештон и Мила

    24.07.2012 08:52 | KumanovoNews

    Ештон Качер и Мила Кунис повеќе не ја кријат својата врска, а Деми Мур е во сериозно депресија откако ги видела фотографиите на кои јавно се бакнуваат.

    Деми Мур очајна поради врската на Ештон и Мила

    Нејзините пријатели откриваат дека постапката на Качер и го скршила срцето бидејќи со ниту една девојка не бил сериозен како што е со Мила Кунис. Деми не може да верува дека Ештон толку бргу продолжи понатаму. Срцето и е скршено. Иако Ештон навистина ја изневеруваше, стануваше збор за девојки на кои случајно налетал. Со ниту една не беше во врска како што е случајот со Мила. И беше претешко да ги гледа фотографиите на кои Ештон љуби друга жена. Знаеше дека помеѓу нив е готово, но потајно се надеваше дека постои можност да се смират, открива изворот.

    Мур неодамна се раздели и од своите ќерки кои повеќе не можат да ја поднесат нејзината депресија. Освен тоа таа им е лута што сè уште се во добри односи со Качер иако знаат дека тој и забил нож во срцето со своите постапки.