Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Румер, Скот и Талула Вилис се лути на Деми Мур бидејќи пие неконтролирано по враќањето од рехабилитацијата.
Нивните односи се затегнати, а на актерката не и се допаѓа нивниот однос со Ештон Качер.
Навистина сме загрижени и лути поради ова што го прави Деми во последно време. Се нема отрезнето подолго време и поради неа сите сме несреќни. Последната работа која ни е потребна во моментов е да ја гледаме нејзината мајка како поминува по незнам кој пат уште една ваква епизода- вели извор близок на семејството.
Деми неодамна ја покажа својата преслаба става во кратко фустанче на матурската вечер на нејзината ќерка Талула.
Работите беа многу напнати. Деми не изгледаше здраво, а сите три девојки изгледаа загрижено бидејќи нејзината состојба се повеќе се влошува. На матурската забава сакаше да дојде и нејзиниот поранешен сопруг до таа не дозволи. Рече дека не и се допаѓа тоа кога тој е близок со нејзините ќерки, особено не сега кога не сака да слушне за него- вели член на семејството.
Девојките и Деми моментално не се блиски воопшто и нивниот однос е затегнат поради лошите чувства од двете страни. Работите мора да се променат за да можат и ќерките да и помогнат во решавање на овој проблем-изјави мајката на Деми.