×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Денес е светски ден на бакнежот

    06.07.2012 06:46 | KumanovoNews

    Овој ден се прославува уште од 1988 година. Според многумина се вели дека бакнежот го измислиле средновековните витези. Тие така ги проверувале своите сопруги дали тие пијат вино. Други пак велат дека бакнежот потекнува од мајката и детето. Трети тврдат дека бакнежот уста во уста е измислен од мајмуните.

    Денес е светски ден на бакнежот

    Но, на 6 јули – Светскиот ден на бакнежот, не се замарајте со теоријата – туку бакнувајте се!

    За бакнежот се кажани многу нежни и мудри објаснувања. Средбата на усните е опишана во многу приказни, музички ноти, на сликарски платна, но и како тема во научни расправи.

    Научниците откриле дека бакнувањето е повеќекратно корисно за здравјето. Додека се бакнуваме, се зголемува лачењето на хормонот на среќата, адреналинот поминува низ крвотокот, крвниот притисок расте, а пулсот се забрзува.

    Дури и бактериите кои ги лачи плунката, со своето мешање придонесува за зајакнување на имунитетот, го разградуваат забниот каменец во устата и ги потиснуваат штетните микроорганизми.

    Денеска, општо прифатена норма е дека бакнежот означува љубов или привлечност.