Денис Богојовски е новото име на македонската фолк сцена
05.08.2013 07:25
| KumanovoNews
Новото име на македонската фолк музичка естрада Денис Богојовски деновиве ја промовира неговата песна насловена „Само песната нас не радува“.

Оваа песна дава една многу јасна порака, дека треба да се сака својата родна земја, а со песна и музика најубаво се искажува љубовта кон Македонија-вели Денис.
Инаку, Денис Богојовски е млад пејач кој е роден и живее во Шведска и освен во Македонија најавува дека ќе ја гради својата кариера во сите краишта од светот населени со Македонци.