Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Организаторот на фестивалот „Сунчане скале“ ја објави официјалната листа на изведувачи што ќе настапат на годинешново издание на фестивалот.
На 29 јуни на фестивалската сцена во Херцег Нови ќе слушнеме вкупно 20 песни, меѓу кои и нашите изведувачи Јоце Панов и Денис Мурат.
Јоце Панов ќе се претстави со модерна балада со наслов „Боли ме твој додир“, а музиката и текстот се на Роберто Поп Димитров, со аранжман и продукција на Миро Буљан. Пред фестивалот песната ќе добие и свој спот.
Оваа песна ја чуваме точно десет години и чекавме вистински момент за да ја отпеам. Мислам дека сега и правото време, а и многу повеќе доби на тежина со аранжманот и продукцијата на Миро Буљан-вели Јоце Панов.
Денис Мурат ќе се претстави со темата насловена „Бол у срцу мом“, која е авторска композиција на Глигор Копров. Песната ќе биде промовирана со спот во режија на Дарио Јанковиќ, а наскоро ќе добие и македонска верзија.
Сите песни од годинешново издание на фестивалот ќе бидат пуштени во етер по 5 јуни, а ќе можат и да се преземат од официјалната веб-страница на „Сунчане скале“.