Мени

Денот Е - „Елементал“ на 18-ти март со концерт во Скопје

02.03.2017 10:38 | KumanovoNews

После одличните концерти во Загреб и Белград, третиот град во кој „Елементал“ ќе настапат со нивното шоу „Денот Е“ е Скопје.

Денот Е - „Елементал“ на 18-ти март со концерт во Скопје

Поводот е исклучително значаен, а тоа е десет годишен јубилеј од нивниот прв настап во Скопје. После сите успешни клупски концерти изминативе 10 години, за првпат пред своите фанови ќе настапат на голем концерт во „Вип Арена Борис Трајковски“.

19 години од нивното постоење, 10 години во Скопје - рима, ритам и музика со Елементал.

Концертот ќе се одржи во сабота на 18 март во ВИП Арена (мала сала) С.Ц. Борис Трајковски со почеток во 20:30. Влезниците во претпродажба се во строго ограничен број и по супер промотивна почетна цена за првите 500 билети од 300 денари, а потоа 400 денари преку продажната мрежа на Купи Карти За Се.

„Елементал“ и Скопје, љубов која трае 10 години!