Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Обединетата српска заедница во Куманово, по повод верскиот празник Преображение, во понеделник на 19 август, организира бесплатен автобуски превоз за прославата во Општина Трговиште.
Поѓањето ќе биде во два термини, еден наутро во 7 часот, а вториот попладен во 17 часот, пред туристичката агенција Јоцо-турс, на булеварот „Октомвриска револуција“.
За повеќе информации заинтересираните граѓани можат да се јават на телефонските броеви- 077/956-392 и 075/630 - 836.
Традиционално, секоја година Општина Трговиште организира Денови на Преображение, кои траат овој викенд од 17 до 19 август, со богата културно-уметничка програма, на која учествуваат познати имиња од српската и балканска музичка сцена.
Општина Трговиште се наоѓа на југот на Србије, на површина од 370 км2, на самата граница со Македонија, а граничи со општините Босилеград, Врање и Бујановац.