×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Десет интересни факти за најсреќните и најспокојните луѓе во светот

    07.07.2020 10:31 | KumanovoNews

    Колку сте запознаени со државата Данска? Сигурно знаете дека таа е дел од Скандинавија, дека за главен град го има Копенхаген и поради својата економска развиеност и политичка култура е пример за многу други држави во светот.

    Десет интересни факти за најсреќните и најспокојните луѓе во светот

    Постојат и некои факти кои не се толку познати, но го откриваат интересното за оваа земја која се наоѓа на северот од Европа.

    Денеска ќе ви ги откриеме 10-те најдобри занимливости во врска со Данска.

    Според истражување на еден универзитет во Лестер, Данците се најсреќни и најспокојни луѓе во светот.

    Знамето на Данска е најстарото знаме кое се уште се користи. Се верува дека почнало да се употребува после битката кај Линданис во 1219 година.

    Обид за бегство од затвор во оваа држава не се смета како прекршок. Затворениците после тоа ја отслужуваат истата казна.

    Владата на Данска уште во 1989 година донела одлука за законско партнерство помеѓу ист пол, со што им се признаени истите права како и на луѓето кои се во брак.

    Во Копенхаген се наоѓа забавниот парк Тиволи, кој е втор по старост во светот. Отворен е во 1843 година, а во меѓувреме ги има инспирирано најголемиот дел од парковите ширум светот, меѓу кои и Дизниленд.

    Данска е прва земја во која се користени отпечатоци од прсти како доказ при едно судење. Тоа се случило во 1902 година.

    Улица Строгет во главниот град Копенхаген некогаш важела за најдолга пешачка стаза во светот, со 1,1 километар. Денеска постојат голем број на такви улици кои се направени според неа.

    Најпознат дански бренд се ЛЕГО коцките.

    Данците работат од 08  часот наутро до 16 часот попладне. Голем дел од продавниците се затвораат најдоцна во 18 часот, поради што луѓето највеќе купуваат за време на викендот. Многумина од нив сметаат дека данокот е главна причина поради ваквиот временски рок.

    Иако животниот стандард е висок, најголем дел од жителите избираат да не возат автомобил. Главната причина за тоа е високата цена за регистрирање на возилото. Таа понекогаш достигнува и 100% повеќе од вредноста на самиот автомобил.

    (Д.Д.)