Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Интересна вест поврзана со поранешната женска група Дестинис Чајлд, составена од Бијонсе Ноулс, Кели Роланд и Мишел Вилијамс е најавата за нивната нова заедничка песна насловена „Nuclear“.
Имено, деновиве на нејзината официјална веб страница, Бијонсе напишала „дека е многу горда што може да ја најави првата нова Дестинис Чајлд музика во последните осум години“, по што следуваа шпекулации дека е можно реформирање на групата. Дали е тоа „големото изненадување“ кое го најави Бијонсе за нејзиниот настап на американскиот Super Bowl кој ќе се одржи на 3-ти февруари, останува да се види.
Во секој случај, за 29-ти јануари е закажано објавувањето на компилациското издание „Destiny’s Child – Love Songs“, на кое покрај познатите хитови од периодот од 1997 до 2004 година, ќе се најде и сосема новата песна „Nuclear“, чија продукција ја потпишува познатиот Фарел Вилијамс. Во продолжение погледнете го целокупниот список на песни од најавеното издание, а повеќе детали за новата песна, како и плановите за можната понатамошна работа очекуваме наскоро.