Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најпознатиот џедајски учител, симпатичниот мал зелен Јода, култен лик од научнофантастичната серија „Војни на ѕвездите“, наскоро ќе добие сопствен филм.
И неколку децении по неговото прво појавување на големиот екран интересот за него не стивнува, па токму тоа го поттикна студиото „Дизни“ да ги откупи правата на снимањето на следната трилогија и да направи одделни филмови за најпознатите ликови на Џорџ Лукас.
За Јода релативно малку се знае. Познато е дека е џедајски гуру и оти го обучуваше Лук Скајвокер на вештините на џедаите. Исто така, беше и врховен господар на Советот на џедаите и генерал во Војната на клоновите... Џорџ Лукас најпрво го крсти овој свој лик Минч Јода, но подоцна реши да го направи помистериозен, па затоа никогаш не откри од која планета потекнува ниту на кој вид му припаѓа.
Сепак, еден од препознатливите фазони на Јода е вртењето на збровите во речницата, односно фактот дека тој секогаш говори во формата: објект-субјект- глагол.