Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По успехот на Oz: The Great and Powerful – филмот заработи над 150 милиони долари во кино салите за три дена – студиото Disney планира нова верзија на уште една популарна приказна.
Станува збор за римејк на француската бајка од 18-тиот век, Beauty and the Beast. Студиото го најми Џо Ахерн (Trance) да го напише сценариото за филмот. Засега работниот наслов е The Beast и нема информации дали приказната ќе биде приквел, во стилот на Oz: The Great and Powerful. Бидејќи Ахерн е најмен да го напише сценариото, многумина претпоставуваат дека не очекува помрачна и посериозна верзија на приказната.
Досега се појавиле многу екранизации на оваа популарна бајка. Во 1991 година се појави анимираниот хит Beauty and the Beast, кој воедно беше и прв анимиран филм номиниран за Оскар за Најдобар филм. Пред две години се појави Beastly, со Ванеса Хаџенс и Алекс Петифер, кој не помина добро на бокс офисот. Минатата година, мрежата CW започна со прикажување на серијата Beauty and the Beast. Инаку, познатиот режисер Гилермо Дел Торо подготвува негова верзија на оваа приказна, во која, актерката Ема Вотсон треба да ја толкува главната улога.