Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Гигантот Disney Studio соопшти дека ниту една нивна компанија за анимација повеќе нема да работи во традиционалниот 2D формат, пренесува Guardian.
Легендарното студио кое ги создаде светските класици како Fantasia, Bambi и Snow White and the Seven Dwarfs призна дека повеќе не планира да создава рачно нацртани анимирани филмови.
„Ние повеќе нема да развиваме 2D или рачно нацртани анимирани филмови. Постојат одредени активности на тоја план, но тоа е единствено за потребите на телевизијата“, вели извршниот директор Боб Ајгер.
Веста ги вознемири обожавателите на традиционалната анимација кои го прославуваа оживувањето на формата под водство на Џон Ласитер, поранешен шеф во Pixar, а кој стана главен креативен директор на анимациите на Disney.
„За жал, 2D стана изговор за лоша репутација“, изјави Ласитер кој беше зачетник на CGI анимациската револуција со филмот Toy Story од 1995.