Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ, кој наполни 25 години, заедно со неговата партнерка Јелена Ристиќ и оваа година како лани заминаа на Канскиот филмски фестивал.
Двојката привлече големо внимание. Тие присуствуваа на проекцијата на филмот “Нежно убивање“ со Бред Пит во главната улога.
На фестивалот дојдоа и чешкиот модел Каролина Куркова, англиската манекенка Кели Брук, американскиот актер Ален Болдвин и други познати лица од светскиот шоу бизнис.