×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОКОП (09.11.2019)

    09.11.2019 09:28 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОКОП (09.11.2019)

    Овен

    Во текот на овој ден обидете се да ги контролирате вашите чувства на бес и да ги завршите обврските кои ви стојат на глава цело време. На љубовно поле, денес ќе сакате да бидете супериорна, па затоа вашиот партнер ќе се обидува поголемиот дел од времето да го поминува сум.никој не сака кога е омаловажен. Внимавајте.

    Бик

    Иако денес ѕвездите ви претскажуваат убава и позитивна енергија, вие како да нема да можете да се ослободите од секојдневните стресови. Едноставно искористете го денот, откако ќе завршите со работата да излезете со вашите најблиски. Затоа што најубавото справување со стресот е токму љубовта.

    Близнаци

    Иако премногу вложувате во работата, а периодов мислите дека се' е попусто, не очајувајте, затоа што после дожд секогаш доаѓа сонце. На крајот на краиштата, зарем не е најважно вашето самопочитување? На луѓето никогаш нема да можете целосно се' да им погодите. На љубовен, план опуштете се и не го користете секогаш мозокот, едноставно препуштете и' се на интуицијата и не слушајте постојано нечии совети.

    Рак

    Иако во последно време постојано размислувате што треба да смените кај вас за да се адаптирате на другите, верувајте дека промената треба да си дојде сама по себе. Можеби е време и да размислите дали вие всушност сте во вистинскиот круг на луѓе, кои треба и да се потрудат да ве прифатат такви какви што сте.

    Лав

    Вашата супериорност и желба постојано да бидете во право ќе предизвика да се оддалечат повеќе луѓе од вас. Иако понекогаш помислквате дека вие сте најпаметниот, незаборавајѕе дека тоа е субјективно мислење и дека истото може и некој друг да го мисли за себе. На љубовен план, не очекувајте од вашиот партнер да праи се' што ќе посакате вие, едноставно љубовта треба да биде слобода, а не пропишан рецепт.

    Девица

    Во текот на овој ден обидете се да ја контролирате вашата наивност, затоа што може да ве поведе и да бидете искористени од другите. Користете го и мозокот и одбранбениот систем кога сте надвор од зоната на комфорот. На љубовен план, дајте му простор на саканиот сам да одлучи дека вие сте она што тој го сака.

    Вага

    Иако поголемиот дел од времето ќе вагате што е добро, а што не. Не заборавајте дека некогаш е најдобро да се исклучи мозокот и дека единствената вистина е таа на срцето. На љубовно поле, дајте му простор на вашиот партнер да каже се' што мисли и не избрзувајте со заклучоци, затоа што љубовта подразбира и толерантност и трпение.

    Шкорпија

    Вашата неодлучност ќе биде истакната во текот на целиот ден. Дури во еден момент ќе помислите дека е најдобро поголемиот дел од времето да го поминете дома за да не направите некоја грешка. Завршете ги работните обврски и поминете ја вечерта во пријатна атмосфера со саканите личности, па пред нив зарем не' треба да ни биде дозволено да грешиме?

    Стрелец

    Иако вашата одлучност и желбата секогаш да ја погодите целта овој ден ќе биде особено изразена, сепак не заборавајте дека тоа не зависи само од вас. Не ги сфаќајте секогаш работите така трагично. На крајот на краиштата за вас ќе биде погубно. На љубовно поле, доколку имате некои недоразбирања со вашиот сакан, седнете и разрешете ги. Така ќе ви е полесно и на двајцата.

    Јарец

    Иако поголем дел од времето ќе сакате да го поминете дома и да не правите ништо, сепак тоа нема да биде возможно. Овој ден вашата поставеност на ѕвездите ја истакнува вашата активност. На љубовно поле ве очекува разговор со саканата, не осудувајте пред да сослушате.

    Водолија

    Иако вашиот хороскопски знак подразбира мистичност, односно желба за некоја егзотичност и некој предизвик, деновиве се чувствувате дека се гушите во секојдневието. Затоа излезете надвор и забавувајте се. Доколку вашиот партнер ви забележи поради истото, потсете го дека тој токму такви ве има запознаено и прифатено.

    Риби

    Обидете се во текот на овој ден да бидете попрецизни со зборовите, затоа што некако сите ќе се фаќаат за тоа што сте го кажале. На љубовен план, денес ве очекуваат убави и мирни мигови со вашата сакана личност, уживајте во тоа.