Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес ќе бидете расположени да ги прифатите сите обврски кои ќе ви бидат понудени, но не е лошо доколку си поставите некои приоритети за да не се жалите подоцна дека не сте успеале да го завршите најпотребното. На љубовен план, не игнорирајте ја личноста која се обидува за ваше добро да ви даде совети.
Бик
И оваа година ќе ви започне со работата на истите обврски, понекогаш знаете да бидете премногу тврдоглави и да не ги слушате советите кои ви ги нудат повозрасните. На љубовен план, повторно ќе бидете несигурни кога станува збор за донесување на посериозни одлуки.
Близнаци
Иако овој ден ќе имате помалку енергија за извршување на обврските сепак нема да се откажете од истите во никој случај. На љубовен план, не дозволувајте и во новата година главниот фокус да ви биде работата, направете баланс.
Рак
Овој ден нема да имате особено нервозни, затоа што работата ќе ви тргне брзо и ќе успеете дури и да добиете финансиска поддршка за некој проект во кој учествувате. На љубовен план, нема да ги штедите емоциите.
Лав
Иако е почеток на нова година, сепак вие и денес ќе бидете насочени кон резонирање на постигнатото во претходната година. На љубовен план, денес нема да имате време да очајувајте, туку ќе бидете насочени кон нови планови.
Девица
Денес ќе бидете насочени кон исполнување на обврските на работата, затоа што ќе ви биде важно мислењето на околината. Потрудете се само да бидете рационални а не тврдоглави. На љубовен план, нешто мора да смените затоа што работите не се движат во најдобар правец.
Вага
Доколку сакате да направите промени на вашето работно место тогаш ви е неопходна поддршката од вашите колеги, поработете на вашата адаптација на најразлични ситуации. На љубовен план, денес ве очекува стагнација, не го сфаќајте тоа како негативно, обидете се да се одморите.
Шкорпија
Работата со која се занимавате не е според вашата професија и затоа обидете се да не им придавате значења на секои луѓе кои ќе ви наидат на пат, а воопшто и не ве разбираат. На љубовен план, денес поголемиот дел од времето ќе сакате да го посветите на себе.
Стрелец
Вие сте насочени на можностите во кои ќе можете малку повеќе да заработите, па дури и ги запоставувате луѓето кои биле до вас и во моментите кога сте немале ништо. На љубовен план, поголемиот дел од времето ќе го поминете во размислување за некои мигови од минатото. Навистина новата година треба да биде ново поглавје, но како тоа да му го кажете на вашето срце?
Јарец
Денес ќе бидете насочени кон поширокиот план, а не кон ситните заработки. Веќе ви е преку глава да се задоволувате со трошки. На љубовен план, особено ќе се чувствувате убаво покрај личноста која ја сакате.
Водолија
Денес нема да сакате да се преморувате на вашето работно место, па дури и ќе одбиете некои обврски и да не ги завршите, внимавајте на тој начин да не се доведете во несакана ситуација. На љубовен план, слободните денес ќе имаат можност за флерт, додека пак зафатените ќе се на дистанца со својот партнер.
Риби
Доколку вашите планови се навистина остварливи тогаш не плашете се да ризикувате. Ако нешто не пробате секогаш ќе останете на мртвата точка. На љубовен план, направете компромис со личноста која ви значи многу.