×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.01.2019)

    03.01.2020 10:29 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.01.2019)

    Овен

    Денес ќе бидете заинтересирани за завршување на вашите обврски без разлика на тоа колку сте уморни. На љубовен план не ве очекуваат никакви промени.

    Бик

    Не правете секогаш како што ќе ви кажат другите, едноставно користете ја сопствената глава за потоа да не се каете. На љубовен план, дозволете му на партнерот да каже и тој што мисли за некои прашања.

    Близнаци

    Ако сте претрупани со работа денес побарајте помош, сосема е нормално да не можете да постигнете се'. На љубовен план, оставете ги работите да се изладат затоа што со нервоза нема ништо да решите.

    Рак

    Ако денес некој ви негодува околу работата немојте да реагирате бурно, тргнете се на страна, затоа што ѕвездите нема да ви бидат наклонети. На љубовен план, вашиот партнер денес ќе се однесува малку дистанцирано, за да не дојде до недоразбирање, прашајте го за што станува збор.

    Лав

    Доколку имате некој проблем тогаш барајте начин за да го решите, но притоа заборавете на горделивост затоа што на тој начин само повеќе ќе ви влошите работите. На љубовен план, не секогаш сте само вие во право, оставете ја саканата личност да би каже што мисли.

    Девица

    Луѓето околу вас денес нема да имаат разбирање за вашето расеано размислување. Тргнете се на страна доколку забележите дека влегувате во конфликтна состојба. На љубовен план, обидете се да не донесувате избрзани одлуки.

    Вага

    Денес особено ќе биде нагласена вашата потреба за вагање, затоа што ќе се најдете во ситуација каде нема да знаете која страна да ја заземете. Заземете ја страната на луѓето кои секогаш се тука за вас. На љубовен план, расеаноста на партнерот не зависи само од вас можеби и тој има некој проблем, поразговарајте за истото.

    Шкорпија

    Своеглавоста, избрзувањето и несослушувањето денес ќе бидат вашите главни карактеристики при решавање на некои конфликтни состојби. Обидете се да ги контролирате истите за потоа да не се каете. На љубовен план, не секогаш е се' како што сакаме, доколку за нешто не можете да најдете компромис, оставете работите да се изладат па потоа разговарајте некој друг ден.

    Стрелец

    Вашата убава енергија денес ќе дојде особено до израз, затоа не плашете се да уживате и во друштво на повеќе луѓе. Насмевката не може никому да му пречи. На љубовен план, останете смирени доколку дојдете во конфликт со партнерот.

    Јарец

    Вашата настојчивост денес нема да ви донесе добри резултати. Не е секогаш решението да се биде премногу "загреан* за одредена работа. Понекогаш треба и да се остават работите кои не водат никаде. На љубовен план, дозволете и' на саканата личност дави каже што мисли.

    Водолија

    Вашата смиреност денес ќе биде клучна за лесно поминување на денот.  Околу вас постојано сите ќе бидат нервозни, но вие ќе успевате да најдете баланс и да ја "спуштите топката". Кога станува збор за љубовта не плашете се да ги отворите кријлјата и да легнете во прегратката на саканиот.

    Риби

    Некои одлуки кои ги донесувате денес особено ќе ја изразат вашата себичност. Пред да донесете некоја одлука размислете и на тоа дека не сте само вие на овој свет. На љубовен план, не и' дозволувајте на саканата личност да ве манипулира.