×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.09.2019)

    03.10.2019 07:56 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (03.09.2019)

    Овен

    Во текот на овој ден важно е да се посветите на вашата работа и да ги земете работите во свои раце. Инаку, во текот на овој ден е можно и да поќувствувате физичка изнемоштеност. Кога станува збор за љубовта, голема е веројатноста дека ќе ви се врти во мислите некој кој не е во ваша близина, но пред да пишете каква било порака добро размислете.

    Бик

    Oбидете да ги избегнувате работните состаноци затоа што ќе знаете дека нешто се очекува од вас. Вашето расположение нема да биде на највисоко ниво кога станува збор за вашиот партнер. Но неговата желба да ве расположи ќе биде поголема од вашата пасивност. Ако немате сила да дејствувате, тогаш барем уживајте во неговото друштво.

    Близнаци

    Нема да се чувствувате баш најдобро, дури и ќе почувствувате како вашето тело попушта пред работата. Тешко ќе можете да го сокриете незадоволството од вашата работа. Па дури, денес ќе се обидете да му судите и на вашиот партнер. Но зарем сите не' грешиме?

    Рак

    Не наоѓате изговори кога станува збор за работата. Во еден период од денот ќе се почувствувате дека се' е попусто. Проблемот нема да биде во вашата денешна работа, туку во тоа дека другите напредувале додека вие сте биле во едно место. Исто така, очекувајте забелешки и од вашиот партнер поради вашето однесување. Препорачливо е да поразговарате со партнерот, затоа што едно од најлошите нешта во врската е токму "ставањето на работите под тепих".

    Лав

    Мудро бирајте ги зборовите на работата, затоа што е голема веројатноста дека работите нема да излезат како вие сакате. Понекогаш е многу важно да се мисли и на последиците, а не само "да се лета во воздух". Кога станува збор за вашиот партнер, очигледна ќе биде вашата нетрпеливост да го видите и тоа нема да можете да го сокриете. Тоа е сосема во ред, но не ги форсирајте работите, научете се на трпеливоста. Трпение-спасение!

    Девица

    Почнуваат се' повеќе да ве оптеретуваат работите каде се тактизира и вие немате никаква можност за слобода. Кога станува збор за вашата љубов, обидете се вашата чувствителна тема да не ја допирате, оставете ги работите да се одвиваат сами по себе. Дајте му "време на времето".

    Вага

    Сакате да ја покажете вашата способност и на другите. Па тогаш употребете ја вашата интелектуална страна и составете ги делчињата на сложувалката онака како што знаете вие-се' на свое место. Очекувајте некоја интересна или романтична вечера, доколку имате можност да излезете, не пропуштајте го истото.

    Шкорпија

    На работата ќе делувате нетрпеливо и ќе очекувате веќе еднаш да го прифатат она што вие го баравте. Но не го очекувајте тоа денес, вашите соработници ќе очекуваат од вас да се прилагодите. На љубовниот план важно е да го направите она што го мислите. Калкуациите не носат позитивен резултат.

    Стрелец

    Овој ден ќе ве прати добро расположение и верба дека може да постигнете нешто кога сакате. Па и тоа е точно, решителноста и добрата енергија е она што на човека му е потребно за успех. Што се однесува до љубовта, не искушувајте нечие негрпение, довербата во саканата личност е многу важна.

    Јарец

    Денес, доколку некој сака да ве посоветува, послушајте го. Најверојатно коментарот на немој за вашата работа ќе ви помогне полесно да ги погледнете работите од повеќе прерспњктиви. Инаку, во текот на овој ден ќе сте сомничави кога станува збор за вашиот партнер, неговото добро расположение ќе биде премногу нагласено, а вие нема да ја знаете причината.

    Водолија

    Некој денес со негово сугестии ќе сака да ви постави "замка", меѓутоа вашата проникливост нема да го дозволи тоа. Сепак, внимавајте на луѓе кои секогаш имаат одговор на се'. Кога станува збор за вашиот партнер, мудро ја избегнувате некоја тема која чека подолго време да биде отворена. Не потценувајте го трпението на вашиот партнер.

    Риби

    Во текот на овој ден сите ќе имаат што да кажат, сите се' ќе знаат. Меѓутоа, не трошете си го времето на надмудрување. Никому ништо нема да можете да му докажетe, ако не сака да слуша. Саканата личност во текот на овој ден ќе ги анализира вашите постапки, но сега пак вие нема да сте спремни за критика. Најмалку што може да направите е да ја сослушајте.