Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес ќе ви биде важно да оставите професионален впечаток и кај вашите работодавци. Со тоа ќе сакате на сите да им покажете дека се' држите под строга контрола и имате добар увид во работите. Сета оваа професионалност ќе ве направи многу попривлечни за спротивниот пол.
Бик
Ќе се најдете пред нова дилема за тоа дали некому треба да му верувате или тој објективно ви ја кажува вистината во очите. Станува збор за работата. На љубовно поле, голема е веројатноста она што ќе ви биде интересно на вас, кај партнерот да предизвика нервоза.
Близнаци
Иако сте ангажирани на различни страни, сепак се' има свои граници и издржливост. Рационално користете ја вашата енергија. Кога станува збор за љубовта премногу време посветувате на тоа како вашиот партнер треба да се однесува, наместо да го оставите да си биде онаков каков што си е.
Бик
Ви недостигаат дипломатски манири кога станува збор за вашата комуникација со колегите. Премногу откривате детали кои треба да си ги сочувате за себе. На љубовен план, иако чувствувате дека е мала веројатноста да го добиете она што го посакувате, ќе бидете изненадени.
Лав
Претерувате со вашите амбициозни планови за кои ќе добиете критика дека ве водат во пропаст. Можеби е навистина време да седнете и да ги рационализирате вашите планови. На љубовен план, дијалозите коишто ве пратат и ви создаваат нервози обидете се да ги занемарите и да не ги повторувате по стопати.
Девица
Имате добра проценка за различните можности на вашата работа. Со добра комуникација можете да го добиете на работата она што го сакате, обидете се денес. На љубовен план, ќе бидете добро расположени и доколку ви се овозможи шанса за дејствување не ја изоставувајте.
Вага
Доколку се наоѓате во непријатна ситуација не ја повторувајте грешката којашто сте ја направиле. Има луѓе кои ќе сакаат да триумфираат на вашата болка. На љубовен план, чувствувате емотивна несигурност, обидете се да ги избегнувате ситуациите кои можат да ви донесат грижа на совест.
Шкорпија
Чувствувате потреба да воведете ред во вашата околина, меѓутоа вашите колеги не можат ни да ве сфатат што сакате да постигнете, бидете појасни. На љубовен план, иако вашиот моментален живот не наликува на идила, не обвинувајте го секогаш само вашиот партнер, понекогаш и вие знаете да бидете прегорди.
Стрелец
Без разлика на нечии ветувања, гледате дека работите не одат во правецот по којшто треба да одат. На љубовен план, исто така не ви цветаат рози, вашиот партнер си крои некои сопствени планови, во кои вие не сте приоритет.
Јарец
Загрижени сте за некои работи коишто се случуваат пред вашите очи, па дури и за погрдните зборови кои ќе бидат упатени кон вас. Доколку сакате да почувствувате финансиска сигурност, за жал ќе мора да се послужите со лукавство, затоа што сите пред носот ви го земаат она што е ваше. На љубовен план, се наоѓате во емотивно неусогласување помеѓу вашите желби и вашите можности. Не ве нервира еуфоричноста на вашиот партнер, туку и неговата несигурност.
Водолија
На дозволувајте некој кај вас да предизвика ниски чувства на завидливост во работата. Бидете она што сте, затоа што тоа најубаво ќе ве опише и ќе ве направи посигурни во себе. На љубовното поле без разлика колку и да се обидувате да изгледате таинствено и да не ги покажете вашите чувства, тоа ќе биде невозможно.
Риби
Денес ќе ви биде важно да оставите убав впечаток на околината околу вас, па поради истото ќе се трудите и да изгледате убаво и да се однесувате убаво. На љубовно поле, обидете да да возвратите на коментирањето кое ќе ви биде упатено, љубовта секогаш е посилна од стварноста. Не избегнувајте ја!