×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (05.11.2019)

    05.11.2019 09:00 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп (05.11.2019)

    Овен

    Се наоѓате во одлична форма и ја прифаќате секоја обврска која ви е понудена. Најдобро ќе се чувствувате во друштво кое има слични или исти идеи. На љубовното поле ќе бидете склони кон љубовни изливи и ќе се однесувате доста храбро и спремно да го кажете она што го чувствувате. Делумно, иако ќе чувствувате и мала количина на бес, сепак убавите чувства ќе го надвладеат тоа.

    Бик

    Благодарејќи на вашата позитивна енергија денес ќе ве очекува убава соработка со вашите колеги. Поради истата причина нема да имате никакви проблеми дури и да делувате сугестивно. Кога станува збор за љубовта, постојано ќе му замерувате на вашиот партнер за секој детал кој нема да ви се допадне. Обидете се да ја погледнете целата слика.

    Близнаци

    Денес ќе сакате се' да завршите како што треба, но ќе имате чувство дека ви недостигаат сите информации за да ја имате целосната слика. На љубовен план, ќе делувате сосема задоволни, затоа што се' повеќе станувате свесни за убавината на малите работи кои ги споделувате со вашиот сакан.

    Рак

    Добро размислете за се' она што ви се случува на работата. Не избрзувајте со договорите и не вложувајте финансиски. На љубовен план, не ја казнувајте личноста која ја сакате, без да бидете сигурни во она што го зборувате. Оставете ги работите за да видите дали навистина е точно она во кое се сомневате.

    Лав

    На работата сакате да напредувате, но сосема сте свесни дека не се наоѓате во опкружување кое може да ви понуди многу. Можеби треба да направите некои чекори и надвор од конфорната зона. На љубовен план, мора да се соочите со проблемите кои ве мачат, не ставајте ги под черга, за потоа да се изненадите се' што ќе излезе. Не можете да побегнете од желбата на партнерот да ве контролира.

    Девица

    Свртете се кон новите пријателства кои ги создавате на вашата работа. Тие се оние кои можат да ви понудат поголема перспектива во моментот. На љубовно поле, чувствувате дека се давите во ладна вода. Постојано чувствувате дека немате излез, затоа размислете пред да дејствувате.

    Вага

    Денес доколку имате можност оставете им го потешкиот дел од работата на вашите соработници, затоа што нема да имате сили се' да завршите. Вие имате потреба да се одморите. На љубовен план, ви одговара нечие друштво, но се' уште чувствувате дека немате доволно услови за да го кажете она што го мислите.

    Шкорпија

    Денес ќе успеете да воспоставите убав контакт со вашите колеги, затоа што вашите креативни идеи ќе им помогнат побрзо да ги завршите обврските. На љубовен план, имате силна визија за иднината која што ја посакувате. Не дозволувајте на другите да ви ја расипуваат сликата за љубовта и убавината на двајца кои меѓусебно се почитуваат и сакаат.

    Стрелец

    Денес рационално распоредете си ги вашите обврски, за да постигнете се' што е потребно за да го завршите работниот ден. На љубовно поле, како да почнувате да губите интерес за некоја личност која била дел од вашиот живот. Не го доживувајте истото како целосна трагедија. Едноставно кога некој од вашиот живот заминува,  се појавува некој друг.

    Јарец

    Иако се обидувате се' да завршите на вашата работа, сепак некои околности нема да ви го дозволат тоа. Обидете се да не посветувате внимание на небитни работи, за да можете рационално да ги погледнете работите. На љубовен план, чувствувате љубовен занес, но сепак како да немате услови да го остварите она што го посакувате. Партнерот или личноста којашто ви се допаѓа некако ви ги избегнува повиците.

    Водолија

    Очекувате позитивна промена на работата. Поради некои работи кои сакате да ги постигнете, дури и се правите слепи за некои ситници кои не се во ред. На љубовен план, партнерот ќе ви замери затоа што се' што и да кажете останува само на идеја, а ништо не спроведувате во целост.

    Риби

    Делувате привлечно и шармантно на работата, но сето тоа нема да ви донесе олеснување во односите со вашите претпоставени. На љубовно поле, емотивното, интелектуалното и страственото  е она што го посакувате, меѓутоа она што го имате до себе нема да биде тоа што ви е потребно. Побарајте го она што го сакате, можеби вашиот партнер и не знае дека истото го посакувате. Не се откажувајте веднаш.