×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (05.12.2019)

    05.12.2019 07:51 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (05.12.2019)

    Овен

    Овој ден ќе сакате да бидете инспиративни затоа што полека но сигурно сфаќате дека за се' во животот мора да бидете добар лидер. Продолжете со истото темпо, но обидете се за истото и да се потрудите да придонесувате со подобри резултати на работното место, а не тоа да биде само на зборови. На љубовно поле, денес може да се случи нешто ново кое и те како може да ви ги размрда емоциите.

    Бик

    Иако многу работи на вашето работно место се менуваат сепак вас се' уште не ви е јасно зошто ви недостасуваат некои информации. Внимавајте, независно од вас се формираат кланови кои не ве вклучуваат и вас во плановите. На љубовно поле, денес ве очекуваат нови познанства со интересни луѓе, додека пак за зафатените припадници на овој хороскопски знак денес се предвидува мирен и исполнет ден со нежности.

    Близнаци

    Бидејќи вие сте личност која постојано истражува нешто ново, обидете се за истото да направите план, затоа што конфузноста може да ви го измести вашиот пат до успех. На љубовен план, денес ве очекува слаба комуникација со вашиот партнер, но тоа нема да биде причина за расправија. И двајцата денес ќе имате потреба за одмор.

    Рак

    Денес ќе изобилува вашата способност да се справите со повеќе работи во исто време, па затоа лесно и побрзо ќе ја завршите работата. На љубовно поле, вашиот партнер пријатно ќе ве изненади затоа што ќе биде целосно спремен да ве ислуша за се' што имате да кажете.

    Лав

    Денес на работата не само на себе туку и на другите ќе им кажувате дека треба да се ориентираат кон иднината, а не да гледате кон минатото или да се споредувате со останатите. На љубовен план, доколку се чувствувате осамено обидете се да се запрашате дали истото е поради вас, доколку мислите дека вие не сте причината излезете и забавувајте се. Познанството со други луѓе може да ја намали вашата осаменост.

    Девица

    Одличен ден на работата во кој ќе имате добра соработка со останатите колеги и со колегите од приватниот сектор кои нема да се ваши претпоставени. На љубовен план, денес емоциите ќе ви ги размрда некоја личност која не е ваш партнер или не сте размислувале да стане ваш партнер. Дури и ќе се доведете во ситуација да се запрашате како претходно не сте ги препознавате истите доблести кај луѓето кои сте ги бирале за партнер.

    Вага

    На работата овој ден ве очекува добра соработка, па доколку некој од младите има своја идеја поддржете го, затоа што некогаш и вие сте биле нови на работата. Иновативноста која ја носат помладите може да биде добар поттик за секој вработен. На љубовен план, обидете се да не се сконцентрирувате само на површината, затоа што на вашиот партнер истото почнува многу да му пречи.

    Шкорпија

    На работата денес ќе гледате дека многу околу вас донесуваат поважни одлуки, а вие заостанувате. Доколку не сакате да се чувствувате инфериорно не седете на страна. На љубовен план, работите ќе се одвиваат вообичаено, а доколку сакате нешто да смените предложете некоја заедничка работа со саканата личност во која ќе успеете да ги разгорите страстите и да си дадете можност за одново запознавање.

    Стрелец

    Денес е поволен ден за вас на работното место затоа што ќе се чувствувате исполнети со енергија. Искористете го тоа за да си ги завршите обврските и не заморувајте си го мозокот со непотребни работи. На љубовен план, верувајте во љубовта затоа што само љубените можат да го освојат целиот свет заедно. Самиот човек, како што велат постарите, не чини за ништо.

    Јарец

    Денес ќе бидете свртени кон иднината и ќе се  потпрете на интуицијата која особено добро ќе ви проработи и затоа ќе се чувствувате самоуверени во донесувањето на одлуки. Кога станува збор за љубовта, обидете се да не бидете хистерични, затоа што патетичноста никогаш не вродува со плод.

    Водолија

    На работата денес ќе се однесувате сосема пријатно со сите колеги, а тоа ќе придонесе и за полесно поминување на денот. На љубовен план, особено ќе биде изразена вашата емоција и потреба да бидете сакани, па ако немате партнер обидете се да излезете и да се забавувате за да истрошите енергијата.

    Риби

    Денес на работата ќе се обидете да бидете со позитивен став за да ви помине лесно денот и за да се адаптирате на околината која во последно време ве отфрла. На љубовен план, не плашете се на саканата личност да и' кажете дека ја сакате, затоа што на крајот на краиштата само ако не е вистинската личност може да ве исмее.