×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (06.09.2019)

    06.09.2019 06:11 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп (06.09.2019)

    Дневен хороскоп (06.09.2019)

    Овен  

    Денес, можно е да бидете заинтересирани за уметноста, па дури и да давате идеи во врска со уметноста, но доколку не сте запознаени целосно, размислете пред да се впуштите во авантурата. Иако имате потреба за искажување на вашата креативна страна, сепак оставете ја идејата малку да "полежи". На работата, после подолго време, колегите нема да кријат дека не можат без вас. Овој ден, вие ќе сте оној кој ќе оди напред.

    На љубовно поле, ѕвездите ќе ве мотивираат да направите промени. Ова е можност за подобрување на вашата врска.

    Бик

    Ваш близок пријател или партнер, денес, ќе биде невообичаено потивок, па постојано ќе се запрашувате во кој е проблемот. Најверојатно, станува збор за семеен проблем, па затоа дајте му до знаење дека секогаш ќе сте тука за него. На работата, обидете се да не реагирате "на прва", односно имајте план б, за секој случај.

    Љубовниот живот ќе ви донесе авантура. Доколку сте во врска, бидете внимателни поради тоа што го имате, а доколку сте слободни тогаш препуштете им се на чувствата.

    Близнаци  

    Денес, е можно на работата да ви се случи нешто сосема ново. Поради вашите работни ангажмани, сите околу вас почнуваат да се плашат дека се' помалку време имате за нив. Едноставно, само дадете им до знаење дека секогаш ќе бидете тука за нив. Вашата работа, денес, ќе биде прецизнаи ефикасна, немој да мислите дека тоа некој не го забележува.

    Вие сакате да му кажувате на вашиот партнер за вашите чувства, да го изненадувате и да го водите на различни места. Денес, искористете ги тие ваши способности и дадете му до знаење дека премногу ви значи.

    Рак  

    Денес, ќе бидете загрижени за некој близок пријател или роднина кој не е до вас. Обидете се да стапите во контакт со нив. Околностите, веројатно не се толку алармантни. На работата, може да заглавите со нешто кое и не ви се многу допаѓа. Нема смисла да се борите против нешто кое не оди.

    Положбата на ѕвездите, на тебе и твојот партнер, на некој начин, ќе ви донесе недоразбирање. Внимавајте, да ја избегнете љубомората, зашто нема потреба за истото.

    Лав  

    Можно е нешто кое очекувате да ви стигне преку меил, да доцни. На крајот и ќе се запрашате, дали и воопшто ќе пристигне. Можеби, не треба да ги сфаќате работите толку сериозно. На работата ќе ви олесни, зашто после долго време ќе ги видите бенефитите од вашата работа.

    На љубовното поле ве очекува запознавање со некој човек. Работата е во тоа колку ќе бидете отворени за меѓусебна комуникација. Не плашете се да го отворите своето срце.

    Девица  

    Денес, може да "налетате" на личност која ќе ви го одземе здивот, но и истата може да стане ваш љубовен партнер. Препуштете се и уживајте. На работата, смирете се и размислете со ладна глава, немојте сите идеи да ги прифаќате здраво за готово.

    Една од најголемите ваши потешкотии кога станува збор за љубовта е во тоа што, секогаш кога ќе дојде до фаза да стапите во врска со некој, вие се испаничувате. Денес, бидете храбри и поразговарајте. Можеби во истиот момент нема да ви е пријатно, но бидете сигурни дека ќе ви олесни.

    Вага

    Во текот на овој ден ќе се предомислувате и ќе бидете несигурни, т.е нема да ви биде јасно ниту како да го подобрите вашиот приход. Поразговарајте со некој на кого му верувате.

    Денес, ќе бидете присилени да се симнете од облаците, односно немој да мислите дека секогаш може да се "спасите" од прекувремената работа. Искористете ја денешната наклонетост на ѕвездите, па бидете поефикасни.

    На љубовно поле, внимавајте што ќе зборувате, зашто денес вашите зборови ќе имаат поголема тежина. Исто така, најважно од се' е да и' покажете на личноста која е до вас колко многу ја сакате.

    Шкорпија

    Денес, е особено нагласена вашата неодлучност кога станува збор за љубовта. Можеби, не е време за директен разговор, препорачливо е да се движите корак по корак. На работата, разгледајте ја пошироката слика, односно видете кај сте биле, пред да нагазите на "гас".

    Во овој ден, посебно ќе сте емотивни, но од некоја причина и двајцата ќе бидете затворени. Иако може да дојде до расправија, сепак тоа може и да биде добро "размедување" за да сфатите колку многу се сакате.

    Стрелец

    Остри зборови на некој човек кој се наоѓа до вас ќе ве натераат да се запрашате зошто личноста е лута на вас. Покажете сочувство и емпатија, проблемот не е во вас.

    На работата, сите ќе се врткаат околку вас, за да им дадете совет, т.е да им помогнете. Вашата доверба и практичност се вашите посилни страни.  Дали некогаш сте размислиле за наплаќање на вашите услуги?

    Денес заедно со вашиот партнер ќе се натпреварувате во одредена работа која и двајцата ве интересира. Обидете се да се здружиле, две глави се секогаш подобри од една

    Јарец  

    Денес, е можно некоја личност да ја искористи вашата чувствителност и сочувство за да сподели некоја нејзина тајна со вас, се' додека истото не ви претставува товар, се' е во ред. Не дозволувајте тажните приказни да одиграат важна улога во вашиот ден.

    На работата обидете се да одржите попрофесионален пристап, односно внимавајте на вашите зборови, зашто некој од вашите колеги ќе е посебно чувствителен.

    Обидете се да поразговарате со вашиот партнер за работите кои ве мачат, иако ви е срам. Размислете за тоа дека човекот кој ве сака е тука за вас и за најмала работа, па затоа не носете го теретот постојано на вашиот грб.

    Водолија  

    Неизвесноста околу парите, денес, може да ви го расипе денот. Не правете сцени, зашто тоа може да ви се одрази на подолга патека. Размислете дали објективно постои проблем.

    Денес, посебно ќе се посветите на вашата работна етика. Покажете ја вашата комуникациска моќ.

    Вашиот партнер почнува да чувствува дека претерано сте мистериозни и дури ќе помисли дека веќе нема да знае што да прави со вас. Кажете го она што го сакате.

    Риби  

    Денес, може да помислите дека вашиот партнер е особено тивок или пак ако со денови се немате слушнато со вашиот пријател, поради ваша несигурност, да помислите дека не сте му важни во животот. Од нервирање, ќе се чувствувате само полошо, побарајте го.

    Извонредни сте со ширење, создавање и засилување на изворите на вашата работа. Но сепак, денес од вас се бара малко поконкретен пристап.

    Денешното поставување на ѕвездите ќе ве охрабри. Гледајте пред себе и не свртувајте од патот. Доколко сте имале проблем во комуникацијата со вашиот партнер, денес поразговарајте за проблемот со него