Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес нема да бидете сконцентрани на работата, затоа што ќе сакате да заминете некаде на викенд каде ќе можете да се одморите од истоштеноста која ја чувствувате. Воедно, овој ден вниманието ќе ви го привлекува некоја личност која се наоѓа во ваша близина.
Бик
Иако денес особено ќе сте мрзеливи сепак на некој начин ќе сакате брза заработка, вашите сили ќе сакате да ги оставите за почетокот на новата година. Кога станува збор за емотивната состојба ве очекуваат пријатни мигови предизвикани од некоја нова личност.
Близнаци
Овој ден ќе се обидете да го поминете на "стара слава". Едноставно ќе сакате да се тргнете од се' за да можете да си ги наполните батериите. Зафатените припадници на овој хороскопски знак ги очекува зангажираност околу односите со партнерот, додека пак наспроти нив слободните ги очекува убава забава пред почетокот на викендот.
Рак
Иако разговорот кој очекувавте да помине добро денес ќе ве разочара. Не двоумете се доколку треба да го извадите "кецот од ракавот", затоа што вие само го барате ои браните она што го заслужувате. На љубовен план, ве очекува стабилна ситуација, па затоа обидете се да го израдувате вашиот партнер.
Лав
Размислете пред да верувате, па може и да проверите. Вашата верба во сите не е лоша карактеристика но може и тоа како да придонесе за ваш негативен одраз во општеството. Понекогаш само треба да бидете претпазливи од колегите. На љубовен план, обидете се да не барате сламка во сено, туку да го вреднувате она што го сакате.
Девица
Доколку вашите колеги денес на работата ви предизвикаат главоболки, обидете се истото да го исконтролирате, затоа што нема потреба вие да ги чувствувате последиците. На љубовен план, навистина ви е потребно поголемо внимание но тоа не сакате да го покажете.
Вага
Иако особено ќе биде изразена вашата недоверба кон средината во која се наоѓате, внимавајте со зборовите затоа што не е се" онака како што изгледа на површината. На љубовен план, обидете се барем денес да го направите она што го сакате, понекогаш е неопходно за убави промени самите вие да бидете иницијатори.
Шкорпија
Обидете се денес да ги разгледате и опциите кои ги имавте во текот на претходните денови. Понекогаш обидете се и да послушате некој совет. Што се однесува до љубовта, особено ќе биде нагласена вашата интуиција за забележување на нечии страсти упатени кон вас, искористете го тоа.
Стрелец
На работата ве очекуваат недоразбирања, иако тие нема да бидат толку изразени, сепак ќе придонесат за уништување на вашето расположение. На љубовен план, денес нема да сакате да чекате некој да ви даде вам некој одговор, туку сами ќе си го побарате.
Јарец
Доколку имате некој проблем за работата а вие сте виновникот, преземете ја вината затоа што на оној кој греши половина му се простува. На љубовен план, премногу е беспотребно да се расправате со некој кој го сакате, недоразбирањата се надминуваат со меѓусебен разговор.
Водолија
Обидете се да стоите надвор од клановите кои се создаваат во вашиот круг, за да ја избегнете негативната енергија на која може да бидете изложени. На љубовен план, разгледајте ја можноста дали сте во состојба на една личност од минатото да и' простите.
Риби
За да се стекнете со доверба на работата, послушајте ги советите на некој ваш повозрасен колега. Вие можеби имате знаење, но тоа никогаш нема да биде исто со знаењето на другите. На љубовен план, очигледна е вашата потреба да бидете признаени од вашиот партнер, што е сосема во ред.