×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (09.10.2019)

    09.10.2019 07:30 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (09.10.2019)

    Овен

    Денес денот постојано на некој чуден начин ќе ви биде мистериозен. Постојано ќе сакате да направите нешто за кое нема да сакате сите во вашата околина да бидат запознаени. Без разлика дали станува збор за работата или за вашиот љубовен живот. Инаку, кога станува збор за љубовта ќе размислувате за некој кој не е во ваша близина, а некои хороскопски знаци дури и ќе размислуваат да се впуштат во некоја тајна љубовна афера.

    Бик

    Овој ден супер ќе се снаоѓате на работата, односно нема да имате проблеми да воспоставите  комуникација со вашите колеги. Исто така, во еден момент од денот може и да посакате да побарате совет или помош од некоја личност за која сметате дека ќе ви се  најде за помош, па не двоумете се. Кога станува збор за љубовта, денес нема да бидете мрзеливи за да се потрудите за личноста која ви се допаѓа.

    Близнаци

    Некој на работата ќе се обиде да ви префрли за вашата грешка, меѓутоа вие нема да попуштите затоа што знаете колку многу понудувате кога станува збор за работата. Сите грешат, ќе речете. Исто така и во текот на овој ден, комуникацијата со вашиот партнер нема да ви биде на завидно ниво, па затоа обидете се да се воздржите од расправии.

    Рак

    Во текот на овој ден ќе успеете да со ги завршите обврските кои ви виселе на глава, но сепак и тоа нема да сакате да го правите. Затоа што ќе сакате да се посветите на вашиот партнер и да уживате во неговата позитивна енергија и неговата насмевка.

    Лав

    Кога станува збор за работата, вие немате никаков проблем да се посветите на вашите обврски, но во последно време почнавте јасно и гласно да кажувате што ви пречи. Кога станува збор за вашиот партнер, обидете се да не се оддалечуваат од вашата сакана личност, туку поразговарајте и вратете ја поврзаноста помеѓу вас, затоа што таа е најбитна за меѓусебно разбирање.

    Девица

    Кога станува збор за работата, денес нема да покажете никаква отпорност кон извршувањето на вашите обврски. Се' ќе биде како што треба да биде. Ваквата убава енергија ќе ја префрлите и на вашата врска, па ќе сакате да бидете нежни и посветени на вашиот партнер. Слободните припадници на овој хороскопски знак ќе сакаат да бидат во друштво на личноста која им се допаѓа.

    Вага

    На работата, денес ќе си го покажете вистинското лице. Односно веќе ви е преку глава од ласкање и премолчување на вистината кога станува збор за работата, затоа ќе почнете да им кажувате на вашите колеги што ви пречи. Никој не е приморан никого да носи на грб. Во ред е да се помага но не и да се завршува работата на сите. Кога станува збор за љубовта денес ќе сакате да бидете во друштво на личноста која ви е интересна подолго време.

    Шкорпија

    Денес ќе сте целосно свои на своето. Односно ќе знаете што сакате да правите, вашата неодлучност ќе изостане. Време е и вие да се почувствувате лесни! Кога станува збор за љубовта, денес е денот кога треба да седнете со вашата сакана личност и да поразговарате за вашите проблеми. Не постои проблем кој не може да се реши доколку се потрудат и двете страни и доколку и на двете страни им е грижа на едниот за другиот.

    Стрелец

    Премногу размислувате пред да донесете одредена одлука и секогаш сте загрижени како тоа ќе се одрази и на вас и на луѓето околу вас. Истото е и за приватниот живот, истото е и за работата. На некој начин дури и ќе се дистанцираат од вашиот партнер, а нему нема воопшто да му биде јасно што се случува.

    Јарец

    Денес очекувате одлуката на вашите надредени да биде позитивна и тоа да ви донесе вам олеснување на работата. Меѓутоа, тоа нема да се случи. Како и да е не ја пренесувајте вашата нервоза на луѓето околу вас, кога станува збор за вашиот партнер премногу го оптеретувате со вашите очекувања, размислете дали и вие го нудите истото.

    Водолија

    Денес, ви се поклопуваат коцките во вашата глава и со право ви се разјаснуваат ситуациите. Како и да е мораше и тоа да се случи еднаш. Зарем не? Кога станува збор за љубовта, денес особено ќе сте заинтересирани за работите за кои не сте запознаени за вашиот партнер, се' со цел да го запознаете поубаво она што го милувате.

    Риби

    Во текот на овој ден многу работи ќе ви станат јасни околу работата, па дури и ќе се запрашате како понекогаш можете да бидете толку наивни. Кога станува збор за љубовта, денес особено ќе е изразена вашата желба да бидете покрај вашиот партнер и да му покажете колку го сакате и колку сте благодарни што е покрај вас во сите ваши недоумици и расеаност.