×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.10.2019)

    10.10.2019 06:06 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.10.2019)

    Овен

    Денес, ќе бидете заинтересирани за вашата работа, па дури и ќе си ги завршите работите кои претходните денови ви заостанувале. На некој начин ќе се чувствувате мотивирано и сетоа тоа ќе придонесе за вашата упорност и сконцентрираност. Вашиот партнер ќе забележи дека денес не сакате да се дружите со многу луѓе, па ќе се прилагоди на вашите барања и ќе се обиде да ви ја направи вечерта поубава за вас двајцата.

    Бик

    Време е да ја донесете одлуката кога станува збор за работата или договорот кој треба да го продолжите. Никој тоа нема да го стори за вас. Секако дека одлуката е тешка, но понекогаш одложувањето само повеќе ги замрсува работите. На емотивниот план ќе покажете недоверба, затоа што забележувате некои поинакви постапки на вашиот партнер. Сепак, немате причина за загриженост.

    Близнаци

    Денес сте премногу енергични, па дури и повеќе од потребното. Не притискајте никого. Оставете ги работите да си течат по нормален тек, за да не ви забележат останатите дека сте напорни. На емотивен план, денес не ве очекува некоја посебна промена, па обидете се вашата енергија да ја истрошите за придонесување за некоја разиграност во односите со вашиот партнер. Добар ден да ја разбранувате монотонијата.

    Рак

    Во текот на овој ден некои можности ќе поминат низ вашите раце, но нема да можете да преземете ништо. Почекајте пред да дејствувате. Можеби не е моментот за некои работи да се случат. Ништо не оди на сила. Кога станува збор за љубовта, денес ќе се чувствувате доста напнато и никако нема да можете да најдете заеднички јазик со вашиот партнер. Можеби треба да си земете време и за себе.

    Лав

    Во текот на овој ден ќе ве прати статичност во односите на работата. На чуден начин се' ќе оди некако рамно и вие дури во некои моменти ќе се почувствувате пасивно. Меѓутоа, внимавајте вашата пасивност да не ја пренесете и на вашиот емотивен план, затоа што денес имате можност да ја придобие те вашата сакана личност.

    Девица

    Во текот на овој ден сосема добро ќе се снаоѓате на вашето работно место, меѓутоа вашите колеги на некој начин ќе сакаат нешто да ви подметнат, ама вие сосема професионално ќе се справите со ситуацијата.  Кога станува збор за емотивниот живот, денес ќе бидете свесни дека ќе сте му потребни на вашиот партнер, па затоа ќе одделите време за да го сослушате.

    Вага

    На работата чувствувате дека немате поткрепа ниту од вашите колеги ниту од вашиот шеф. Сето тоа ќе влијае негативно на вас. Ни не заборавајте дека тоа е само работа и дека кога ќе се вратите дома ќе можете да правите вие како сакате. Овој ден ќе и сте особена потреба да бидете во присуство на вашиот партнер, прегрнете си го и заспијте мирно до него.

    Шкорпија

    Денес, од некои работи ќе бидете особено изненадени, но позитивно. Работите околу вас ќе почнат да доаѓаат на свое место и тоа ќе ве направи поенергични. Ваквата разиграна енергија ќе ја внесете и во вашата врска, па вашиот партнер нема да биде сигурен што се случува со вас. Едноставно објаснете му дека се задоволни со денешниот ден и уживајте во заедничката вечер. Убавината е во споделувањето на убавата енергија.

    Стрелец

    Не бидете премногу сериозни и не сфаќајте се' премногу сериозно. На некои работи не можете да влијаете и тоа мора да го прифатите. Она што може да го направите денес е долга прошетка во која ќе бидете сами со вашите мисли, а веќе во текот на ноќта да си дозволите подолг сон. На емотивното поле ќе има мали измени, но ништо нема да биде онака како што вие сакате.

    Јарец

    Вашето расположение ќе биде добро, дури и ќе сакате да работите, па и да помогнете на вашите колеги. Иако понекогаш мислите дека сте премногу наивни, сепак тоа како да е посилно од вас. Кога станува збор за љубовниот живот,денес не очекувајте некои големи промени. Се' ќе биде како и вообичаено.

    Водолија

    Нерасположени сте иако генерално и немате некаква посебна причина. Понекогаш некои денови кај вас носат сосема различно расположение. Се будите со едно расположение, а заспивате со друго. Поради истата причина нема да сакате да се размрда складот во вашата врска со саканата личност.

    Риби

    Одличен момент да се активирате и да направите нешто што сакате. Откако ќе станете наутро ќе почнете со плановите за текот на денот, па затоа истрајте до крајот и спроведете го зацртаното. Тоа ќе ви ја врати самодовербата. Кога станува збор за вашиот емотивен живот, можна е некоја мала симпатија со некој од вашата работа.