×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.12.2019)

    10.12.2019 08:42 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (10.12.2019)

    Овен

    Денес нема да ви оди се' од рака на работата, односно нема да сакаат сите околу вас да го прават она што ќе им го побарате. Обидете се да се прилагодите на ситуацијата. На љубовен план, во текот на денот ќе се чувствувате вознемирено, а сето тоа ќе влијае и на вашата блиска личност. Доколку не сте за расположени, останете дома.

    Бик

    Иако сакате денес нема да можете да влијаете во одлуките кои ќе се донесуваат на работата, односно на некој начин вашите колеги ќе си имаат одредена работа зацртано и нема да сакаат да отстапат од истата. На љубовен план, обидете се да покажете трпение за вашата сакана личност, затоа што не е се' онака како што наликува на површината.

    Близнаци

    Одредена ситуација денес на работата ќе ве размрда од колосек. Избегнувајте ги ситуациите каде може да биде нарушен вашиот професионален углед. На љубовен план, партнерот не сака да чувствувате преоптеретено, па затоа не гледајте на тоа како дека сака да ве избегнува.

    Рак

    Договорот на работата кој денес можете да го остварите со одредена личност, обидете се да го оставите за некој друг ден. Затоа што денес ѕвездите нема да ви бидат наклонети кога станува збор за работата. На љубовен план, делувате премногу резервирано кон вашиот партнер, а сето тоа кај него предизвикува дополнителни сомнежи.

    Лав

    Вам особено во недостигаат не само самоиницијативноста туку и похрабри колеги на работата за да можете да го побарате она што ви е потребно. Обидете се пред да делувате самостојно, да ги процените условите. Кога станува збор за љубовта, особено ви е потребна емотивната поддршка од вашата сакана личност, затоа обидете се да не стоите на страна и да се жалите дека не го добивате истото.

    Девица

    Иако денес ќе се размислувате како да постапите на работата, на крајот ќе сфатите дека ниту една опција не е веродостојна. На љубовно поле, обидете се ако нешто ви недостига кај партнерот тоа да не го кажувате пред останатите, туку да му го кажете кога сте сами.

    Вага

    На работата иако денес нема да бидете заинтересирани за ситуацијата околу вас, обидете се да делувате барем малку позаинтересирано, затоа што претпоставените можат да ви замерат дека не сте доволно ангажирани. На љубовно поле, ќе чувствувате емотивна тензија, односно на никој начин нема да можете да го разгатнете однесувањето на вашиот партнер.

    Шкорпија

    Доколку денес направите некоја грешка на работата обидете се да преземете одговорност за истата, затоа што се' што се става под черга секогаш излегува на виделина. На љубовно поле, особено ќе делувате растревожено кога и да ви се обрати партнерот, затоа што имате чувство дека премногу ви се има собрано овој период, а тој воопшто не ве прашува ни како се чувствувате.

    Стрелец

    Очекувате позитивен резултат и уважување на работата во текот на овој ден. Не дозволувајте некој да ве испровоцира. На љубовен план, вашата сакана личност ќе очекува дословно да ги исполните вашите ветувања.

    Јарец

    Доколку денес нечие однесување ве прави нервозни, обидете се истото да го избегнете за да не дојде до несакани ефекти. На љубовен план, потребни се искреност и повеќечасовен разговор за да ги поправите односите со вашата сакана личност.

    Водолија

    Не обидувајте се да достигнете спогодба со некои колеги на вашето работно место доколку истата никогаш порано се нема случено. Не губете си го драгоценото време. На љубовно поле, не делувајте "на прва", затоа што на крајот се' си има цена која ќе мора да ја платите.

    Риби

    Некој на работата ќе почне да ги подржува вашите ставови, затоа не вртете му грб на некој кој ви нуди помош. На љубовно поле, денес ќе почувствувате охрабрување од страна на вашиот партнер, кое одамна ви недостасуваше.