×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (11.11.2019)

    11.11.2019 07:48 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (11.11.2019)

    Овен

    Во текот на овој ден обидете се да се сконцентрирате на обврските кои ве очекуваат,за да можете во попладневните часови да земете здив и да се одморите после напорен викенд. На љубовен план, очекувајте негодувања од страна на вашиот партнер за вашата постојана истоштеност.

    Бик

    Иако овој ден ќе ви започне турбулентно, на самиот почеток од работната недела, сепак таквото темпо нема да трае во текот на целиот ден. Во текот на вечерта, одделете си време за себеси и поразговарајте со вашите најблиски за она што ве мачи. Понекогаш разговорот најмногу помага.

    Близнаци

    Иако денес ќе сакате се' да завршите во рекордно време тоа нема да биде возможно, затоа што вие сте човек кој ненормално постојано е претрупан со работата. Обидете се истото да не ви се одразува на љубовниот живот, затоа што воопшто не е важно ако вие сте успешна личност, но на крајот на денот да немате кого да гушнете.

    Рак

    Односите со вашето семејство во текот на овој ден нема да бидат најдобри. На некој начин, постојано ќе чувствувате нетолерантност и нема да знаете како да се справите со проблемите. Едноставно е, понекогаш на некои работи премолчете, иако не ги одобрувате. Кога станува збор за љубовта, обидете се да посветите повеќе внимание на вашиот партнер.

    Лав

    Вашата возгордеаност иако во последно време ги одделува луѓето околу вас, денес некако заради истото ќе имаат стравопочит. Едноставно, не користете ја вашата посилна енергија за да управувате со луѓе. На љубовен план, ваквото однесување нема да ви помине кај саканата, затоа што таа ве знае во целост какви сте.

    Девица

    Ако во текот на денот дојде до некакво недоразбирање со некој од колегите на работата, обидете се тоа да не го сфаќате сериозно и да се тргнете на страна без расправање. Секое дополнително докажување може да има негативни последици само за вас. Вашата толеранција, обидете се да потрае и во текот на целиот ден, затоа што денес и вашите блиски луѓе постојано ќе очекуваат од вас се' вие да завршите.

    Вага

    Вашата способност да ги земете работите во ваши раце, денес нема да биде изразена. Ќе се чувствувате уморно на самиот почеток на неделата и затоа едвај ќе чекате да заврши работниот ден. По завршувањето на работата, не излегувајте никаде и не задавајте си дополнителни обврски. Легнете и одморете се, кога телото ви е одморено и умот ќе ви се одмори

    Шкорпија

    Ако денес планирате по работното време да излезете и да се забавувате, не заборавајте да го прашате вашиот партнер што мисли за истото. Тоа не е давање отчет, но на некој начин во последно време за ништо не се прашувате, а тоа може да предизвика оддалечување. Не пренесувајте ја на вашите домашни негативната енергија од работата.

    Стрелец

    Без разлика дали станува збор за работата, семејството или љубовта, вие денес повторно ќе станете уште повеќе толерантни. Ова не е ништо ново за вас, но обидете се да видите како другите реагираат на истото. Дали ве исмеваат или не? Бидете добри за оние кои тоа го заслужуваат, затоа што попусто си ја трошите енергијата и се преоптоварувате уште на средината на работната недела.

    Јарец

    Вашата тврдоглавост и своеглавост во последно време постојано е истакната и тоа ве води во безизлезност. Запомнете дека не е смислата во тоа на некој да му докажете дека вие сте главни. Создавате квалитетни односи, затоа што ќе ве направи среќен на долгорочен план, а не квантитативни.

    Водолија

    Ако денес се чувствувате уморно на самиот почеток на денот, обидете се да помислите дека на секој ден ќе му дојде крајот и дека ова не е вашиот прв ден каде сте се чувствувале уморно. Едноставно, соберете сили и издржете. Во текот на вечерта, не вртете му го грбот на саканиот или не избегнувајте го поради вашата преоптовареност без да му ја кажете причината.

    Риби

    Иако постојано размислувате за се' и сешто и сакате да можете да ги искоординирате работите, денес истото ќе ви тргне од рака. Понекогаш се' што е потребно е само добра мисла. Не потценувајте го тоа. На љубовен план, очекувајте мирен ден во кој ќе имате простор да се одморите и од самите себе.