Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Ако имате некои потешкотии на работата, обидете се да не бидете премногу горделиви и побарајте помош од некој кој е во нашето опкружување.
Доколку имате недоразбирање со партнерот, решете го на време.
Бик
Доколку сакате да ви се случи некоја промена, тогаш мора да почнете од себе.
Ако сакате да имате постабилна врска со партнерот, мора и вие да станете постабилни.
Близнаци
Ако навистина сакате да направите промена, мора да ја смените стратегијата.
Понекогаш на љубовното поле гледате премногу сериозно.
Рак
Премногу сте нервозни и делувате негативно на опкружувањето.
Овој ден ќе се чувствувате особено осамено и ќе сакате да имате некој до себе кој ќе го прегрнете.
Лав
На работата особено ви значи поддршката која ви ја нуди надредениот.
Посериозните врски секогаш ве прават посреќни, затоа не плашете се да го кажете тоа.
Девица
Обидете се да ги завршите обврските коишто ги имате, во текот на неделата ве чекаат и други ангажмани.
Не тагувајте по некој кој не ви свртува внимание.
Вага
Патувањето коешто сега ви недостасува, ќе го надокнадите кога ќе ги надокнадите и финансиите.
Доколку нешто ви пречи кај партнерот, односно сметате дека е неморално, тогаш кажете му го тоа на време, затоа што од сето тоа може да излезе сериозен проблем.
Шкорпија
Не расфрлајте се со парите, овој период финансиите ќе ви бидат намалени.
Доколку партнерот ви понуди парична помош, не гледајте на тоа како на навредување, љубовта подразбира заедница.
Стрелец
Не вложувајте многу во беспотребни работи, обидете се да трошите порационално.
Имате чувство дека треба да најдете личност која навистина е посериозна.
Јарец
Во овој момент вашиот проблем не се парите, претпоставените или пак љубовта, туку самото ваше негативно расположение.
Партнерот почнува да се чувствува загрозен поради вашата негативна енергија.
Водолија
Занемарете го она што го зборуваат другите, насочете се кон она што вие треба да го направите за вас.
На љубовното поле не ве очекуваат никакви промени.
Риби
Не плашете се да ризикувате кога станува збор за работата. Секојдневните премислувања ви прават поголема конфузија.
На љубовно поле, се чувствувате блажено.