×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.10.2019)

    12.10.2019 07:18 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.10.2019)

    Овен

    Овој викенд ќе имате желба да поминете повеќе време со пријателите. Оставете ги останатите проблеми на страна и убаво поминете си. Искористете го времето да позборувате за вашите лични проблеми и за вашиот љубовен живот.

    Бик

    Направете мала промена, отидете на некој културен настан или отидете на спортски натпревар. Не преземајте несакани ризици и чувајте ги си приватните тајни. Повеќе молчете и оставате ги другите да зборуваат.

    Близнаци

    Одлично ви оди со партнерот но ви треба поголемо ангажирање на финансиски план. Имате идеи во главата, но не сте спремни да ги преземете потребните ризици за да ги остварите. Мотивирајте се повеќе и посветете се целосно на она што ве интересира.

    Рак

    Малку сте напнати и затоа контролирајте ги емоциите бидејќи почнувате да им пречите на луѓето околу вас. Бидете попасивни и избегнете поголеми расправии со партнерот. Понекогаш е подобро да се премолчи отколку да се каете поради реченото.

    Лав

    Не ги извршувате сами обврските, а се однесувате така. Вашата самоувереност некогаш знае да ве чини многу, затоа имајте почит и за другите. Кога станува збор за одморот, обидете се да ги наполните батериите за наредната работна недела. Излезете на прошетка или одморете се во домашна атмосфера.

    Девица

    Ви се случуваат многу неочекувани работи, но тоа и не е така лошо. Опуштете се и дозволете работите да се одвиваат по природен пат. Превземете поголема иницијатива на работата и успешно завршете си ги сите обврски.

    Вага

    На љубовен план работите не се одвиваат најдобро, но за тоа сте и самите виновни. Финансиски работите полека си доаѓаат на место. Не обрнувајте многу внимание за тоа што другите зборуваат за вас, направете нешто за себе, излезете и прошетајте се, секако дека не треба секогаш другите да се во фокусот.

    Шкорпија

    Постојано ги избегнувате обврските во текот на изминатата недела но денес е добро време постепено да ги ставите работите во контрола. На љубовен план работите во се одвиваат одлично, очекувајте запознавање на некоја неочекувана личност и дека ќе имате страствена авантура.

    Стрелец

    Денес ќе бидете повеќе преокупирани со домашни обврски, ќе имате премногу негативни емоции во вас, а тоа се должи и на преголемата оптовареност од работата. Обидете се да се релаксирате. Закажете состанок со некој близок пријател со кој ќе можете да поразговарате.

    Јарец

    Денес е можен успех на љубовен план. Понекогаш убавите работи се случуваат тогаш кога најмалку се надевате. Преземете го првиот чекор и дозволете на опкружувањето да ви ја даде потребната поддршка.

    Водолија

    Емотивно сте малку напнати но и самите знаете дека немате потреба на никого да се докажувате. Оставете ги работите да си течат како што треба. Доволно сте одговорни кога станува збор за работата, па затоа и нема зошто да дозволите некој да ви се меша. Имате целосна поддршка од вашите најблиски.

    Риби

    Имате поставено високи цели и можеби денес е вистински ден да почнете да работите на нивно остварување. Внимавајте внатрешниот немир да не влијае на вашата депресивна состојба која ве прати во последно време. Одлуките кои денес ќе ги донесете може да имаат влијание и понатаму во вашиот живот.