×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.11.2019)

    12.11.2019 07:13 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (12.11.2019)

    Овен

    Денес е можна комуникација со некои блиски луѓе од странство, која ќе ви биде од особена корист. Вашите испланирани работи, во рамките на работата почнуваат да се исполнуваат, меѓутоа најпаметно би било сега за сега да ги држите подалеку од очите на јавноста.

    Бик

    Станувате премногу сериозни и тоа се' поради работата. Доколку имате можност, обидете се малку да ја изладите главата, затоа што на тој начин и вие ќе бидете попродуктивни, а и ќе придонесете за попријатна комуникација со вашата сакана личност.

    Близнаци

    Кај вас кога нешто се случува, истото се случува во пакет: љубовта, работата, парите. Сепак, од вас на некој начин се бара да се прилагодите на новите ситуации, а тоа кај вас буди фрустрации затоа што вие сте човек кој не сака на сила да му се случуваат работите.

    Рак

    Во утринските часови ве очекуваат напорни расправии со вашите колеги, бидејќи ќе се обидат да ви стават во уста некои зборови кои вие ги немате кажано. Меѓутоа, во текот на денот, истото ќе го заборавите бидејќи ќе бидете зафатени со мисли како да му ја направите вечерта поубава на вашиот сакан.

    Лав

    Во текот на овој ден не очекувајте некоја промена, затоа што нема да ви се случи. Но, позитивното од целиот ден е тоа што иако ќе нема подобрување на работите, нема да има ниту влошување. Она што вам ви е потребно е ослободување од сите обврски, т.е заминување некаде подалеку на некое поубаво место со вашата сакана личност.

    Девица

    Денес ќе чувствувате како да пристигнува она што ви недостигало, односно како луѓето околу вас да почнуваат да го забележуваат она што го правите. Сепак, не им верувајте на прва на сите. На љубовно поле, ќе чувствувате некоја неопишана празнина со која нема да знаете како да се соочите.

    Вага

    Во текот на овој ден, ќе успеете да ги соберете сите информации коишто ви се потребни, за да го остварите замисленото. На љубовно поле, ве очекуваат убави моменти, но време е да си го побарате и вие она што си го сакате.

    Шкорпија

    При состаноци со вашите партнери обидете се да не се однесувате несоодветно и арогантно, иако сите ви наликуваат на ризични. Обидете се да дејствувате самостојно доколку мислите дека тоа е најдобро, меѓутоа внимавајте на однесувањето. На љубовно поле, партнерот ви ги одредува правилата на емотивното однесување, обидете се да земете учество и вие за потоа да не се жалите.

    Стрелец

    Вие имате добри идеи, но некој друг секогаш одлучува во работата и за вас. Едноставно, повторно ќе останете на страна. На љубовно поле, ќе помислите дека вашиот партнер делува незаинтересирано кога станува збор за вас двајца, меѓутоа обидете се да не го напаѓате секогаш.

    Јарец

    Вашите соработници и пријатели имаат искрена намера кога ви нудат помош, затоа денес не бидете сомничави и дозволете им на луѓето да ви помогнат. На љубовно поле, не избегнувајте ги убавите зборови кои ќе ви бидат упатени, затоа што убаво е да се слушнат и убави зборови.

    Водолија

    На вас ви недостасува трпение и попустливост, а пак на вашите соработници им недостасува храброст. Без разлика дали вие ќе ги обвинувате нив, сепак проблемот е и кај вас. На емотивното поле, обидете се да не се однесувате премногу суетно.

    Риби

    Вашата основа предност е што вашите соработници речиси и да немаат доволно храброст за да ви се спротивстават, но вие тоа не го користите. На љубовен поле, иако нема да сакате сепак ќе мора да се соочите со личноста која постојано ве критикува и ви бара пропусти. Барем туку бидете силни и кажете што мислите.