Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Иако вашите соработници денес нема да бидат расположени и ќе сакаат да слушнат некои утешително зборови од вас, вие тоа нема да го сторите. Едноставно секоја ваша реченица ќе биде кратка и професионална. На љубовен план, иако партнерот ќе ви замери дека се однесувате премногу возгордеано, сепак вие ќе знаете дека тоа не е точно и ќе си продолжите по свое.
Бик
Денес нема да сакате никому да му простувате, затоа што се' ќе ви е преку глава. На љубовен план, се обидувате на партнерот да му покажете каде е границата за шегата затоа што тој во последно време премногу ја преминува.
Близнаци
Денес ве очекува валоризирање на работата која веќе повеќе денови ја подготвувате. На љубовен план, слободните припадници ги очекува темпераментен ден, а оние кои се зафатени изблик на љубомора од страна на нивниот партнер.
Рак
Многу работите и тоа во последно време се гледа на вашето лице, обидете се да си го дозволите заслужениот одмор. На љубовен план, денес нема да бидете расположени за преземање на никакви иницијативи, па препорачливо е денот да го поминете во домашна мирна атмосфера.
Лав
Постапувајте рационално кога станува збор за работата. Не секогаш ќе имате можност да ги поправите грешките. Емоциите оставете ги за надвор од работното поле. На љубовен план, денес ќе бидете воодушевени од некоја личност која навистина нема да наликува на останатите.
Девица
Вие на работата сте некако постојано барани, па не срамете се да го потенцирате тоа, затоа што луѓето често го забораваат истото. На љубовен план, доколку имате желба можете за промена да направите некое романтично изненадување, а доколку сте слободни направете си го истото за самите вас и пуштете си убав филм. Одморот нема цена!
Вага
Вашиот работен ден нема да се разликува драстично од останатите. Седнете, сработете си ја работата и кога ќе ги затворите вратите не помислувајте на работните компликации. На љубовен план, денес ќе сакате да ги рационализирате работите, односно ќе почнете и да размислувате за вашата иднина со партнерот, а поради истата причина и ќе мора да размислувате за финансиите.
Шкорпија
Не им се плашете на вашите претпоставени и тие се луѓе, но се само на поинаква функција. Работете си ја својата работа со гордо крената глава. На љубовен план, не пренесувајте ја негативната енергија од работата на партнерот. Тој не е ваш газда, туку она поради кое се будите и легнувате со насмевка.
Стрелец
На работата доцните, а тоа не е типично за вас. Потребна ви е промена и тоа веднаш. На љубовен план, склони сте кон авантури, па денес може и да очекувате некој вид на флерт. Доколку не сте во врска, тоа нема да претставува никаква грижа на совест за вас.
Јарец
Иако денес ќе се обидете да ги избегнете сите додатни работни обврски, сепак еден повик од работата на ниту еден начин нема да можете да го избегнете. На љубовен план, посакувате вашата емотивна состојба некогаш и да наликува на бајка. Зарем тоа не го заслужува секој, ќе биде прашањето кое ќе ви се врти низ глава.
Водолија
Искористете ја вашата умешност кога станува збор за вашето познавање на компјутерските техники. Никогаш не можете да знаете од каде може да дојде заработката. На љубовно поле, без разлика дали сте или не сте во врска ве очекува флерт, кој ќе ви ги помати мислите.
Риби
Доколку навистина она што го работите може да биде вреднувано и надвор од нашите граници, денес и тоа како има да размислувате за истото. На љубовно поле, солиден ден во кој ќе барате да се "фатите" за некоја личност која ви носи спокој за да се одморите од обврските.