×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.11.2019)

    14.11.2019 07:48 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.11.2019)

    Овен

    Сите кои очекуваат некои документи од страснство поврзани со работата, денес ќе имаат позитивни резултати. Инаку, на моменталната работа ве очекува вообичаен ден. На љубовно поле, обидете се да направите баланс на вашите чувства и да сфатите кој ви е навистина важен.

    Бик

    На работата, ве очекуваат обврски кои и нема да се само ваши, но ќе бидете приморани да ги завршите. Инаку, денес е денот кога вашата сакана личност ќе биде особено расположена па затоа и ќе имате можност за романтични мигови.

    Близнаци

    Во текот на работата не ве очекуваат посебни промени, се' ќе се одвива како и вообичаено. Меѓутоа, внимавајте на вашиот однос со партнерот затоа што вашите чести расправии некој може да ги искористи за да му се доближи. Размислете дали сакате тоа да ви се случува.

    Рак

    На работата денес ќе сакате сите работи да ги завршите побрзо, затоа што ќе сакате да заминете дома и да размислите убаво за работите кои ве мачат. За голем дел припадници на овој хороскопски знак, овој ден е денот кога можат да прекинат пријателство или врска. Одлуката е ваша, затоа не размислувајте во момент на лутина, туку размислете и за иднината.

    Лав

    На работата денес ќе се обидете да воспоставите еден баланс, односно да ги смирите односите со вашите колеги затоа што гледате дека не се функционира сам. На љубовно поле, денес од вас ќе зависи дали ќе погледнете на позитивната страна на односите со вашиот партнер или постојано ќе барате влакно во јајцето, а сето тоа ќе придонесе да се оддалечувате еден од друг.

    Девица

    Иако, денес нема да бидете особено заинтересирани за работата, сепак ќе дадете се' од себе и ќе ги завршите обврските како што треба. На љубовно поле, денес на некој начин ќе бидете прекорени за вашата несигурност, затоа ако сакате навистина да го задржите она што го имате, покажете ги чувствата и кажете му го тоа на партнерот. Понекогаш луѓето имаа преголема потреба да слушнат дека се сакани.

    Вага

    На работата, обидете се да се сконцентрирате и да ги завршите вашите обврски, затоа што вашата несконцентрираност може да придонесе за поголеми грешки. Кога станува збор за љубовта, астрологијата предвидува дека овој хороскопски знак денес може да се чувствува особено осамен, затоа обидете се доколку имате негативни мисли од самиот почеток на денот, да размислувате позитивно. Мислите се оние кои го креираат вашиот став.

    Шкорпија

    Кога станува збор за љубовта, денес ќе си го поставувате прашањето: кој беше толку неодговорен во нашата врска, за односите да почнат да ни се ладат? Размислете убаво, не осудувајте, затоа што во последно време вие сте таа личност која поголемиот дел од времето го посветувате на се' и сешто, а занемарувате дека односите со блиските треба да се негуваат.

    Стрелец

    На работата не ве очекуваат драстични промени, единствено нешто што ќе ве онерасположува ќе биде фактот што голем дел од времето го трошите на работата, а не на вашите блиски. На љубовното поле, вие секогаш градевте однос на почит и сигурност, за луѓето кои се стремат кон невистини, лаги и измами кај вас нема место. Затоа ако во нешто се сомневате, проверете го истото.

    Јарец

    На работата, денес ќе ви се потребни повеќе иницијативи за да го завршите она што сте го почнале. Едноставно понекогаш ви недостига мотивацијата, но и немате од кај да ја црпите. На љубовно поле, обидете се да слушате, мора да го научите тоа, затоа што тоа е еден од вашите најголеми проблеми.

    Водолија

    Контролирајте ја агресивноста и бесот кој денес ќе го почувствувате поради сето она што ви се случува. Обидете се да не реагирате на прва, затоа што тоа може да ви донесе негативни последици. На љубовното поле, денес вашата негативна енергија обидете се да не ја пренесувате на личноста која ви значи. Можеби најдобро решение е да си легнете порано.

    Риби

    На работата, ве очекува вообичаен ден исполнет со многу обврски и малку време за одмор. Ништо ново! На емотивното поле, денес особено ќе забележите дека, личноста која многу ви значи, нема исти приоритети како вас, односно на некој начин мора да направите компромис затоа што не можат двајца различни луѓе да сакаат исти работи.