×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.2.2020)

    14.02.2020 08:03 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп


    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (14.2.2020)

    Овен

    Денес денот постојано на некој чуден начин ќе ви биде мистериозен и нема да знаете што се случува. Кога станува збор за љубовта ќе размислувате за некој кој не е во ваша близина, а некои хороскопски знаци ќе размислуваат и за тајна афера.

    Бик

    Овој ден супер ќе се снаоѓате на работата, односно нема да имате проблеми да воспоставите  комуникација со вашите колеги. Кога станува збор за љубовта, денес нема да бидете мрзеливи за да се потрудите за личноста која ви се допаѓа.

    Близнаци

    Некој на работата ќе се обиде да ви префрли за вашата грешка, меѓутоа вие нема да попуштите иако знаете дека грешката е ваша. Комуникацијата со вашиот партнер нема да биде на завидно ниво, обидете се да се воздржите од расправии.

    Рак

    Во текот на овој ден ќе успеете да ги завршите обврските кои ви виселе на глава. Денес ќе сакате да се посветите на вашиот партнер и да уживате во неговата позитивна енергија и неговата насмевка.

    Лав

    Кога станува збор за работата, вие немате никаков проблем да се посветите на вашите обврски, но во последно време почнавте јасно и гласно да кажувате што ви пречи. Кога станува збор за вашиот партнер, обидете се да не се оддалечуваат од вашата сакана личност.

    Девица

    Кога станува збор за работата, денес нема да покажете никаква отпорност кон извршувањето на вашите обврски. Ваквата убава енергија ќе ја префрлите и на вашата врска, па ќе сакате да бидете нежни и посветени на вашиот партнер.

    Вага

    На работата, денес ќе си го покажете вистинското лице. Односно веќе ви е преку глава од ласкање и премолчување на вистината кога станува збор за работата. Кога станува збор за љубовта денес ќе сакате да бидете во друштво на позитивна личност.

    Шкорпија

    Денес целосно ќе сте свои на своето. Време е и вие да се почувствувате лесни! Кога станува збор за љубовта, денес е денот кога треба да седнете со вашата сакана личност и да поразговарате за вашите проблеми.

    Стрелец

    Премногу размислувате пред да донесете одредена одлука и секогаш сте загрижени како тоа ќе се одрази и на вас и на луѓето околу вас. Истото е и за приватниот живот, истото е и за работата.

    Јарец

    Денес очекувате одлуката на вашите надредени да биде позитивна и тоа да ви донесе вам олеснување на работата. Кога станува збор за вашиот партнер премногу го оптеретувате со вашите очекувања, размислете дали и вие го нудите истото.

    Водолија

    Денес, ви се поклопуваат коцките во вашата глава и со право ви се разјаснуваат ситуациите. Кога станува збор за љубовта, денес особено ќе сте заинтересирани за работите за кои не сте запознаени за вашиот партнер.

    Риби

    Во текот на овој ден многу работи ќе ви станат јасни околу работата, па дури и ќе се запрашате како понекогаш можете да бидете толку наивни. Кога станува збор за љубовта, денес особено ќе е изразена вашата желба да бидете покрај вашиот партнер.