Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Сконцентрирајте сте кон завршување на заостанатите обврски уште на почетокот на новата недела, за да можете да здивнете за време на викендот. Стресот кој го чувствувате воглавно е предизвикан од работата. Не го занемарувајте вашето психичко здравје.
Бик
Не бидете незадоволни од се' што ќе направите. Зарем сметате дека се' може и треба да биде совршено?
Односите со вашиот партнер, денес ќе бидат значително подобрени, затоа не претерувајте со работата.
Близнаци
Иако сакате се' да завршите, не заборавајте дека не е се' во интелигенцијата, туку и во одморениот ум, кој на вас ви недостига. Вашето тело е ваш храм, не заборавајте го тоа.
На партнерот дозволете му малку простор.
Рак
Денес ќе сакате се' да ви биде под конец, за да не заглавите со еден тон работа која ќе морате да ја носите дома.
Кога станува збор за љубовта, бидете попретпазливи со зборовите, затоа што партнерот може да ве разбере сосема погрешно.
Лав
Денес, завршете се' на време и не им дозволувајте на останатите да ве критикуваат без причина.
Доколку се чувствувате пррморено за дружење, останете дома со вашиот партнер.
Девица
Обидете се нервозата од работата да не ја носите во домот. Интензитетот со кој се менуваат работите во вашата професија ве прави несигурни, но тоа не е причина истото да ви го поремети и домашниот мир.
Денеска, на партнерот покажете му ја личноста којашто тој најмногу ја сака.
Вага
Денес постојано ќе се стегате за да не изустите на работата нешто кое го мислите, а знаете дека ќе предизвика бурни реакции.
Пред да воспоставите каква и да било подолга комуникација со некој друг надвор од работата, обидете се да се одморите.
Шкорпија
Денес ќе почувствувате дека оваа недела за вас ќе биде особено долга, но не бидете песимисти, понекогаш се потребни и такви недели за воспоставувaње на баланс, животот постојано не' учи на лекции.
Кога станува збор за љубовта, доколку немате силни објективни причини за расправија, не уништувате си го денот и на себеси и на вашиот партнер.
Стрелец
Денес ќе се чувствувате како странец во сопствената кожа. Не однесувајте се кон вашето тело како тиранин, затоа што тоа ќе ви одговара на истиот начин на кој вие ја воспоставувате комуникацијата со него.
Љубовта е нешто кое најпрво треба да си го дадете на себеси, за да можете да го споделите и со останатите.
Јарец
Не можат промените да ви се случат доколку вие навистина не знаете што сакате.
Истото се однесува и за љубовта, без разлика дали вие тоа го прифаќате или не. Вашата неодлучност овој ден ќе ви влијае на секое поле од животот.
Водолија
Денес ќе бидете потивки и ќе сакате да си ја изладите вашата глава. Нема да имате разбирања за луѓето кои беспотребно ви го трошат вашето време.
Љубовните изливи на емоции ќе ги оставите за некој друг ден.
Риби
Денес ќе се чувствувате изморено и затоа е голема веројатноста дека од вашите усни можат да излезат и погрдни зборови. Едноставно, не само за работата, туку и за љубовта и за се' во животот, не правете му го на никој она што не сакате да ви се направи вам. Па истото важи и за кажувањето на погрдните зборови.