×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.1.2020)

    15.01.2020 08:49 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (15.1.2020)

    Овен

    Иако на работното место нечии зборови денес ќе ве допрат подлабоко и ќе предизвикаат да се чувствувате лошо, не отстапувајте од завршувањето на обврските. И секако, не дозволувајте им на емоциите да ви надвладеат над разумот. Кога станува збор за љубовта, со прекривање на слабоста се обидувате да се заштитите, но со истото само повеќе ќе ја зголемите несигурноста.

    Бик

    Денес ќе делувате недоверливо кога станува збор за вашите колеги, но внимавајте истото да не се разви во конфликт. На љубовен план, не бидете премногу строги кон личноста која очекува да ја разберете и сослушате.

    Близнаци

    Кога станува збор за работата денес обидете се да ги сослушате идеите и на вашите претпоставени, затоа што за целина не е потребно само знаење туку и искуство. На љубовно поле денес ве очекуваат "љубовни" погледи и блага насмевка на лицето од личност од која не очекувате.

    Рак

    Иако денес некој на работата ќе се труди да ве увери дека не сте во право, сепак останете до она што ви го кажува вашата совест. Не потклекнувајте и не премолчувајте ги неправдите. На љубовно поле, бидете потолерантни и потрпеливи, не секој ја има вашата сила.

    Лав

    Иако некои размисли на вашите колеги денес нема да ви се допаѓаат, сепак погледнете ја и нивната страна на гледање. Не секогаш сте само вие во право. На љубовен план, обидете се да го разберете и вашиот партнер за барањата кои ги има, за да можете да направите компромис.

    Девица

    Понекогаш претерувате со вашите бурни реакции, не треба да дозволите да сте подлежни на нечии оговарање, зошто тие се токму тоа-оговарања, а не вистина. На љубовно поле, размислете за вашата љубовта состојба, затоа што одлуките кои денес ќе ги донесете можат да бидат од особено влијание за вашиот љубовен живот.

    Вага

    Во моментот на работата ви е добро, но вие сакате да мрднете од мртвата точка, па поради истото ќе сакате и да воспоставите посилен контакт со вашите колеги. На љубовен план, делувате спокојно кога забележувате дека сте сакани од вашиот партнер.

    Шкорпија

    Се' уште е рано за да влегувате во некои големи зделки на работата, засега истото оставете го на другите. На љубовен план, не игнорирајте го вниманието кое ви го посветува саканиот, затоа што универзумот секогаш воспоставува баланс, па истото може да се сврти против вас, па вие подоцна да не бидете забележувани.

    Стрелец

    Доколку нечие присуство ве иритира и ви создава нервоза, тогаш останете на страна и не дозволувајте истото само повеќе да ви го нарушува кредибилитетот. На љубовен план, ќе делувате несигурно затоа што немате целосен увид во случувањата.

    Јарец

    Премногу сте оптеретени со работата и никако не стигнувате да ги исполните ветувањата кои ги имате дадено. Не заборавајте дека тоа е нешто кое не сакате да ви го прават на вас, па затоа не верувајте кога ќе бидете ограничени со времето. На љубовен план, почнуваат да ве загрижуваат љубовните изјави навашиог партнер, па дури ќе и сте чувство и дека треба нешто да смените.

    Водолија

    Иако очекувавте од средбата со некој познат денес да имате бенефит, истото нема да се случи, па поради обидете се да најдете и друг начин за решавање на ситуацијата. На љубовен план, понекогаш навистина знаете да ја изненадите вашата сакана личност, вашите идеи навистина знаат да направат луѓето околу вас да се чувствуваат посебно.

    Риби

    Немој да мислите дека ветувањата од некои ваши колеги ќе ви ги средат сите коцки на работното поле, тоа никогаш не се случило, па нема да се случи ниту денес. Единствениот човек на кој целосно можете да се потпрете сте токму вие. На љубовен план, подобро ви е денес да ја прифатите идејата на партнерот, а ме постојано да влегувате во недоразбирање и конфликти кои се' повеќе ви ја разнишуваат довербата.