×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дневен хороскоп (16.09.2019)

    16.09.2019 07:58 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп (16.09.2019)

    Дневен хороскоп (16.09.2019)

    Овен  

    Денес, ќе бидете посебно љубезни, а сето тоа ќе придонесе да си го разубавите и сопствениот ден и денот на другите. Иако, понекогаш мислите дека нема ништо зад некои работи, всушност станува збор за обични ситуации кои можат да кријат нови можности или во работата или во љубовта.

    Бик

    Овој ден, воглавно ќе сте сконцентирани на љубовта. Голема е веројатноста дека на партнерот ќе му забележувате поради некои работи од минатото. Обидете се да се сконцентирате на мисли за иднината и сегашноста, а не за минатото.

    Близнаци  

    Вие сте луѓе кои повеќе сакаат да бидат активни. Но, во последно време научивте дека успехот доаѓа корак по корак. Во вас, од неодамна почна да се случува промена, а сето тоа ќе придонесе и за подобри односи со останатите и со вашата љубов.

    Рак

    Денес е можно да бидете изложени на слушање на совети за некои работи кои не ги првите добро. Не осудувајте, едноставно сослушајте и видете дали можете да извадите нешто позитивно од сето тоа. Веќе, во вечерните часови, можно е да се опуштите, доколку сте во близина на некоја за вас мила личност.

    Лав  

    Иако во последно време имавте проблеми во комуникацијата со вашите колеги, голема е веројатноста истото да се смени. Во текот на денот, исто така искористете ја креативноста која ја поседувате, затоа што монотонијата е онаа која ве убива, а не дека се во светот е здодевно.

    Девица  

    Во последно време се чувствувате се' повеќе и повеќе уморни. Можеби е време да размислите за вашиот наслабнат имунитет, поради обврските кои ги имате секојдневно. На љубовниот план, поголем дел од овој хороскопски знак ќе забележат дека има "некоја хемија" помеѓу нив на работата.

    Вага  

    Во текот на овој ден, ќе дојде со израз преоптовареноста која ја чувствувате поради некои луѓе. Можеби е навистина време да ги раширите сопствените крилја и "слободно да легнете" во вечерните часови, на излегување со вашите пријатели. Повеќе од потребно ви е ослободувањето од стресот.

    Шкорпија 

    Овој ден за вас ќе биде повеќе работно условен. Денес особено ќе сакате со вашиот партнер да размислувате за вашата иднина, а сето тоа ќе треба и финансиски да се осмисли. Работите ќе ги земете во свои раце и ќе бидете одлучни дека не сакате никој да ве искористува.

    Стрелец  

    Имате недоразбирање со вашиот партнер? Вашиот обид истото да го решите со насмевка и здрав хумор, овој пат можат да придонесат само за влошување на односите. Вашиот партнер ќе сака да бидете искрени и топли.  Инаку, во друштвото вие ќе бидете таа која ќе ги има главните информации. Поради истата причина, не дозволувајте да ве надвладува тремата.

    Јарец  

    Семејните проблеми можат да ви влијаат негативно и на вас. Доколку се обидете со некој од семејството да се консултирате за вашиот љубовен живот, истото може да ви го расипе вашиот љубовен живот. Секој човек си има своја приказна.

    Водолија  

    Овој ден односите со останатите луѓе можат да ви влијаат позитивно. Иако, во последно време се' некој ве нервира. Денес, ќе послушате некој совет од вашите роднини, па дури може и заедно да излезете за да реализирате некој ваш план. Сепак, ќе сфатите дека "крвта вода не бидува".

    Риби

    Денес, ќе бидете особено вешти со зборовите. Личноста за која сте посебно заинтересирани, ќе успее да најде начин за да ви покаже дека сето тоа го вреднува. На работата, доколку ја употребите убавината на зборовите во комуникацијата, очекувајте лесен ден за работа. Не заборавајте да кажувате убави зборови на луѓето околу вас.