×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.11.2019)

    16.11.2019 07:47 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.11.2019)

    Овен

    Нов и претходно непрепознаен талент денес ќе се појави кај вас, односно ќе почнете да се интересирате и занимавате со работи кои претходно ви биле непознати. Дури и ќе размислувате за тоа дека треба да го промените вашето работно место, затоа што се чувствувате ограничено и имате чувство дека стоите во место додека другите напредуваат. На љубовен план, денес ќе уживате во прегратките на вашата сакана личност, па дури и ќе размислите за некоја масажа која вашиот партнер и те како ја заслужува.

    Бик

    Во последно време учите многу нови работи и никако тоа да го искористите. Ослободете се од стравот и почнете да експериментирате. На љубовно поле, иако се чувствувате напнато и не знаете како да се справите со ситуациите кои ви се случуваат, сепак денес ќе успеете да почувствувате мир на ова поле.

    Близнаци

    Новите идеи и работи кои ви се случуваат денес ќе сакате да ги споделите со повеќе личности, но нема да  имате фидбек, затоа обидете се да се сконцентирате на она што ви е вам важно и занемарете секогаш да им угодувате на сите. Понекогаш вие сте битни и сватете го тоа. Не се занемарувајте себеси за сметка на другите.

    Рак

    Бидејќи се чувствувате изморени несвесно ќе почнете да барате проблеми како на работата така и на љубовното поле. Меѓутоа, пријателите ќе бидат тука и ќе можете да слушнете некој конструктивен совет од нив. Доколку денес почувствувате некоја позитивна енергија помеѓу вас и некоја личност од спротивниот пол посветете се на тоа, затоа што истото ќе биде особено вредно.

    Лав

    Денес ќе бидете омилени како во друштвото така и на работата. Вашите конструктивни идеи ќе ви донесат нови пријателства и зацврстување на старите. Затоа препуштете и' се креативноста и комуникативноста, но бидете одмерени во она што ќе го кажете. На љубовно поле, денес особено ќе бидете вешти со зборовите.

    Девица

    Денес нема да бидете задоволни со околностите без разлика дали станува збор за вашата работа или за љубовните односи. Едноставно, на сите ќе сакате да им дадете до знаење дека едноставно понекогаш постојат граници и дека треба да се внимава да не се преминат тие граници, затоа што текна е линијата помеѓу љубовта и омразата.

    Вага

    Денес е денот кој за вас ќе биде како создаден за учење, т.е за ваша надоградба. Не заборавајте дека доколку сакате да направите промена во околината, дека таа ќе треба да започне најпрво од вас самите. На љубовен план, обидете се да направите и нешто повеќе од вообичаено, монотонијата знае да биде тивок убиец на врската.

    Шкорпија

    Не дозволувајте отежнатите ситуации да ви ја разнишаат вашата самодоверба и да придонесат за поголеми проблеми како на работата така и на љубовното поле. Соочете се со фактот дека животот не е лесен и дека патот до "рајот" е трнлив

    Стрелец

    Денес, целиот ден ќе ви биде исполнет со некои неизбалансирани мисли околу љубовта. Во еден момент ќе сакате се' што имате започнато да го  напуштите и да се посветите на самите себе, но во другиот момент ќе се чувствувате најнесигурно и најнезаштитено. Не заборавајте дека токму вие сте онаа личност која треба да е најсилна прво за себе, а дури тогаш другите ќе го сфатат истото. Не покажувајте ја слабоста.

    Јарец

    Партнерот би можел денес да ве навреди со своите постапки, но не со некоја лоша намера. На сите збиднувања ќе бидете сами без саканата личност и тоа дополнително ќе придонесе за чувството на оддалечување. Доколу навистина ви значи саканата личност, вие ќе најдете време и начин да поминете макар и пет минути заедно.

    Водолија

    Денес ќе бидете особено нервозни и тоа најмногу во вашиот дом. Кога станува збор за компромиси,  вие ќе бидете одлучни дека веќе немате ниту волја ниту сили да правите договори. Едноставно, овој ден ќе сакате само со погледот да се разберете со саканиот и да не мора повеќе никому ништо да му објаснувате. Но не заборавајте да го контролирате бесот и агресивноста, затоа што не крајот на краиштата и вие самите страдате.

    Риби

    Не се обидувајте приватните проблеми да ги прекриете со работата и затоа што со тоа нема ништо да добиете. Заштитете се и себеси и вашиот партнер од дрдорење. Доколку навистина имате сериозен проблем, едноставно некогаш можеби е најдоброто решение да си дадете простор меѓусебно за да сфатите колку си недостигате.