×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.12.2019)

    16.12.2019 08:23 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (16.12.2019)

    Овен

    Денес нема да бидете сигурни дали резултатот е реален или не, кога станува збор за распределување на обврските на работата. Тргнете се на страна и сами ќе видите кој што ви мисли. На љубовен план,  вие настапувате се' поотворено и поотворено, продолжете така.

    Бик

    Односите со вашето семејство значително ќе се подобрат. На финансиски план малку ќе се опуштите, додека на емотивно поле ве очекува релативно мирен ден. Очекувајте и нови познанства. Мирен и стабилен ден.

    Близнаци

    Денес ќе бидете претрупани со работа и вашиот фокус ќе е само на професионалното поле. Ништо ново!  На љубовен план, ќе забележите дека ја занемарувате саканата личност, па затоа обидете се истото да ме биде толку очигледно за да не си ги расипете односите.

    Рак

    Секогаш е потребна макотрпна работа доколку сакате некои промени, затоа засукајте си ги ракавите и не жалете се. На љубовно поле, ќе забележите дека саканата личност не ви посветува доволно внимание. Не и' судете, додека не ја слушнете најсилната страна.

    Лав

    Не тактизирајте кога станува збор за работата, по некои прашања, затоа што можете да се разочарате од резултатот.  На крајот секогаш победува она вистинското. На љубовно поле ќе му замерите на партнерот дека не ви посветува доволно внимание. Размислете, можеби проблемот е во вас!

    Девица

    Денес на професионалното поле нема да ви оди баш најдобро. Дури на момент и ќе помислите дека премногу давате, а премалку ве вреднуваат и нема да сакате да си ги завршите работните обврски. На љубовен план, ве очекува оддалечување од партнерот. Размислете дали го сакате тоа.

    Вага

    Не драматизирајте доколку денес не го добиете она што го сакате. Ако нешто не сте успеале да го остварите, тоа не е неуспех. Не пренесувајте ја негативната енергија на љубовното поле, прегрнете ја саканата личност и покажете и' колко многу ви значи.

    Шкорпија

    Денес ќе се чувствувате уморно и исцрпено. Едвај чекате да завршите со работата. На љубовен план, не сте сигурни што сакате да направите и не сте баш во некој „форма“, можеби најправилното е да се одморите во домашна атмосфера и да не излегувате надвор.

    Стрелец

    Свесни сте дека соработката која ја имате покренато дека е добра, но внимавајте на и на околината. На љубовен план, потрудете се околу односите со вашиот партнер, се' е лесно само на површината, но убавото никогаш не доаѓа така лесно.

    Јарец

    Денес професионално ќе си го изработите она што ве засега и нема да сакате дополнителни обврски. На љубовен план нема да бидете многу задоволни од комуникацијата со вашиот партнер, меѓутоа тоа не значи дека вие сте во право, седнете и размислете пред да донесете одлука.

    Водолија

    Во текот на овој ден нема да бидете толку енергични и тоа ќе придонесе за непродуктивност на работата. Ако почесто ви се случува ова, размислете за причините, можеби е време да побарате совет. На љубовно поле, не сте задоволни од ситуацијата, повторно ќе му негодувате на партнерот.

    Риби

    Денес нема да бидете задоволни од работата, односно нема целосно да бидете задоволни од постигнатото. Доколку ви се понуди помош, прифатете ја, затоа што сам човек за ништо не е. На љубовен план, ве очекуваат мали нервози затоа што вашиот партнер денес ќе биде особено енергичен и нема да можете да го пратите, па постојано ќе ве нервира.