Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Иако можеби понекогаш работата ви станува премногу здодевна вие заборавете дека станува збор за работа и дека на крајот на краиштата без разлика дали ја сакате или не таму сте поради парите. На љубовен план, обидете се да не правите драми, односно да не правите од мравка слон.
Бик
Иако работата нема баш најдобро да ви оди од рака, тогаш обидете се да не обвинувате никој за тоа и да го завршите мирно работниот ден. На љубовен план, вашиот партнер ќе ви негодува дека премногу сте фокусирани на работата и дека истото придонесува да станувате поздодевни.
Близнаци
Иако вашата природа е поенергична и сакате да внесувате најразлични новитети во работата, денес ќе сакате само да забрши работниот ден и мирно да си заминете дома. На љубовен план, обидете се да не му ја пренесувате негативната енергија на партнерот, туку одморете се и тогаш разговарајте.
Рак
Вашата преокупираност со работните обврски денес ќе се одрази поинаку на вас. Односно вашето тело ќе ви откаже послушност и во одреден период ќе се чувствувате слабо и истоштено. Внимавајте на имунитетот. Кога станува збор за љубовта, слободните припадници можат да очекуваат нови познанства, а зафатените мирен ден во кој ќе се обидат на партнерот да му дадат до знаење колку им значи.
Лав
Вашата горделивост која ве прати со денови, денес нема воопшто да биде застапена. Ќе седнете на работата и сосема тивко ќе сакате да го поминете денот. На љубовното поле, од саканата личност ќе побарате разбирање за вашата пасивност, затоа што ви треба одмор и некој кој ќе ве разбере.
Девица
Ако претходно мислевте дека секој ви е виновен на работата за одредени работи, денес на некој начин ќе сакате да допрете до вашите колеги и да создадете убава комуникација. Едноставно ќе имате потреба од социјален контакт. На љубовен план, обидете се да не сфаќате се "здраво за готово" затоа што понекогаш и мала драма може да предизвика оддалечување од саканата личност.
Вага
Вашата желба да вагате денес посебно ќе биде изразена на вашето работно место, односно доколку некој колега ви противречи за нешто ќе сакате да му докажете дека не е само тој во право. Меѓутоа, денес не ви се наклонети ѕвездите кога станува збор за работата, па затоа и тешко дека ќе остварите некоја комуникација во која ќе се разберете. Можеби е најдобро да оставите се' на страна. На љубовен план, не идеализирајте ништо пред навистина да се случи.
Шкорпија
Ако денес некој на работата се обиде да манипулира со вас, не свртувајте му внимание, затоа што тој ќе сака на крајот вие да излезете виновни поради вашата избувливост. Едноставно не влегувајте во никакви тимови и не потклекнувајте на нечии провокации. На љубовен план, ве очекува мирен ден пропратен со сосема вообичаено муабети со вашиот партнер. Уживајте во тоа.
Стрелец
Ако вашата работа станува се' понеподносила, тоа не значи дека и вие така треба да се однесувате. Обидете се да направите баланс помеѓу вашиот приватен живот и работата. На љубовен план, не секогаш се работите како ние што сакаме, седнете и размислете дали на некоја личност која ви предизвикува нервози треба истото да и' го кажете или да размислите дали тоа е и поради вашето негативно расположение.
Јарец
Денешните совети од колегите на работата ќе ви бидат добредојдени за полесно и побрзо да ја завршите работата и да си заминете дома. Не изоставувајте ги. На љубовен план, не секогаш работите се такви какви што изгледаат, затоа пред да осудувате сослушајте.
Водолија
Ако претходно сте мислеле дека на работата почнало нешто да се менува, денес воопшто нема да сте со таков став. Ќе забележите дека работите повторно се враќаат на старото и истото ќе ве вознемирува дополнително. На љубовен план, слободните припадници ќе сакаат да стават крај на некое психичко измачување во врска со одредена личност, а зафатените ќе се обидат да избегнат секој вид на конфликт, затоа што нема да имаат енергија за караници
Риби
Вашата денешна усогласеност со колегите ќе придонесе да полесно завршување на обврските. Па дури и ќе си го поставите прашањето, зошто секогаш ги изоставувате на страна и се мачите сами. На љубовен план, ве очекува пријатно изненадување од вашиот партнер поради неговото позитивно менување на однесувањето.