×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.11.2019)

    18.11.2019 07:18 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.11.2019)

    Овен

    Денес ќе се соочите со финансиски потешкотии низ коишто поминувате во овој период кои делумно се должат на превземањето непотребни деловни ризици. Внимателно размислете и разгледајте како да се справите со ова, не ги игнорирајте советите на вашиот партнер, сепак тој е вашата главна поддршка.

    Бик

    Вие имате преголема потреба за истакнување и не се ни обидувате истото да го сокриете. Сепак, обрнете поголемо внимание на вашите постапки и добро проценете ги луѓето коишто вас ве опкружуваат. Обидете се да не навлегуваме во расправии, бидејќи можно е да имате сериозни последици и да го изгубите вашиот кредибилитет.

    Близнаци

    Имате воспоставено одлични односи со луѓето коишто се амбициозни и имате убави идеи и нормално е дека ќе имате максимална поддршка од нив во вашиот пат кон успехот. Обидете се да ги продлабочите односите со вашиот партнер со тоа што ќе направите интимна прошетка надвор од градот.

    Рак

    Денес е одличен ден да оставите прекрасен впечаток на вашите пријатели. Сепак иако се' ќе ви оди од рака, обидете се внимателно да ја одберете личноста која сакате да ја импресионирате. За останатото не се грижете, вашиот шарм ќе ја заврши работата.

    Лав

    Патот кон успехот никогаш не е лесен, затоа не потклекнувајте при првите пречки. Борете се со сета сила, не штедете ја енергијата и бидете трпеливи. Советите на вашиот партнер се од неизмерно значење и тие ќе ви помогнат да завршите некои работи без поголем напор.

    Девица

    За да ги избегнете љубовните проблеми и несогласувања добро е малку да се воздржите и да премолчите некои работи. На вашето лошо расположение, најмалку му е потребна кавга со вашата најсакана личност. Водете повеќе сметка за вашето неконтролирано трошење и обидете се да заштедите некој денар.

    Вага

    Неодамна се впуштивте во нова врска и поради тоа чувствувате некоја скриена несигурност. Добро размислете и најдете начин како да го совладате сомневањето, бидејќи само на тој начин сите скриени работи ќе излезат на површина. Бидете позитивни и работите секако дека ќе тргнат на позитивно.

    Шкорпија

    Премногу додворувачи, а премалку емоции. Иако сте во љубовна дилема сепак мора да си го отворите патот и да си дадете шанса за среќа. Сепак избегнувајте да ги известите вашите пријатели за намерите у трпеливо чекајте како ќе се одвиваат работите. По завршувањето на работните обврски посетете го вашето омилено кафуле.

    Стрелец

    Иако максимално се трудите на работа вашата кариера стагнира. Сепак не очајувајте премногу бидејќи тоа не е ваша вина, туку едноставно моментално таква е околината во која се наоѓате. За да не ги искомплицирате работите на љубовен план, обидете се јасно да ги искажете вашите приоритети.

    Јарец

    Се' уште мечтаете за некоја неуспешна врска од минатото и тоа не ви дозволува да застанете на прав пат. Вашата нетрпеливост во врска со развојот на настаните можеби го спречува вашиот емоционален развој, а сепак за да го надминете сето ова морате да се вратите во сегашноста и да се прилагодите на дадените околности.

    Водолија

    Вашиот партнер ве обожава, а вие не поминувате доволно време со него. Затоа секој слободен миг посветете го за зацврстување на вашите односи. Иако сте премногу енергична личност и сакате да делувате на повеќе полиња, сепак е добро да се сконцентрирате на една или две работи максимум.

    Риби

    Чувствувате потреба за нова авантура и ново љубовно зближување. Следете ја вашата интуиција и нема да погрешите. Ве очекува нова љубовна среќа којашто ќе биде дополнителен стимул да почнете да бележите успеси и на љубовен план.