×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.5.2020)

    18.05.2020 06:20 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (18.5.2020)

    Бик

    Имате одлична идеја којашто може да резултира позитивно. Не дозволувајте некој да ви го уништи ентузијазмот.

    Внимателно бирајте ги луѓето коишто се наоѓаат во вашето опкружување, нема сите да ви мислат добро.

    Овен

    Многупати е поважно да ја сочувате вашата работна позиција од тоа дали некој ваш колега ќе се разочара од вас или нема. Во оваа состојба навистина ви се потребни финансиите.

    Делувате вознемирено и се чувствувате несигурно со партнерот.

    Близнаци

    Внимателно анализирајте ги состојбите кога станува збор за работата. Не секогаш е паметно да се реагира без да се предвидат последиците.

    Поставувате погрешни прашања и негативно влијаете на саканата личност.

    Рак

    Денеска не избегнувајте го контактот со луѓето со  коишто сте требале да се сретнете. Играјте со отворени карти.

    Нема потреба да правите преголеми драми кога станува збор за љубовта. Се' што е премногу не е "вкусно".

    Лав

    Вие се обидувате да ја смените состојбата во којашто се наоѓате на подобро. Заборавате дека за да дојде до промена дека е потребно време. Не разочарувајте се на самиот почеток.

    Доколку сметате дека нема да можете да ги контролирате емоциите, тогаш избегнувајте конфликтни ситуации.

    Девица

    Соработниците го одобруваат она што сакате да го направите но сепак немате вистински одговор за претпоставените. Нив ги интересира профитот, не заборавајте го тоа.

    Обидете се да бидете трпеливи со вашиот партнер бидејќи во моментот не е способен да ги исполни вашите очекувања.

    Вага

    Доколку сакате да дејствувате кога станува збор за работата потребни ви се доверливи информации. Не изложувајте се на беспотребни ризици кои можат да ве доведат до дното.

    Денес ќе имате добра комуникација со вашиот партнер и ќе сакате да го искажете вашето мислење за се'.

    Шкорпија

    Вие имате навистина добри идеи, но дипломатскиот однос воопшто не ви оди од раце. Поработете на вашите преговарачки вештини доколку сакате да го добиете заслуженото.

    Партнерот навистина ќе се потруди да ви ги исполни барањата.

    Стрелец

    Важно е да поставите јасна граница помеѓу вашето и колективното гледање на работите. Компромисот се случува само доколку и другите го почитуваат својот дел од работата.

    Партнерот ве става на тест за да види колку вие се прилагодувате на неговите интересирања.

    Јарец

    Денес ќе бидете насочени кон она што навистина е вашиот цел и по секоја цена ќе настојувате да го исполните она што сте го зацртале.

    Чувствувате потреба за благост во врската, што всушност и не е ваша карактеристика.

    Водолија

    Денеска ќе немате многу волја и сила за да се ангажирате на повеќе полиња. Она што ќе сакате е да се придружите кон нечиј план за да не мора да вложувате дополнителен напор.

    Со право и' ги премолчувате емотивните проблеми на вашата сакана личност, но тоа нема да може да трае уште долго време.

    Риби

    Иако се чувствувате вознемирени сепак успевате да одржите добар однос со колегите. Вашата вознемиреност ќе ја насочите кон себе што може да придонесе за конфликт во семејството. Единствениот начин за да се справите со негативната енергија е  да си овозможите малку сон, по завршувањето на обврските.