×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.10.2019)

    19.10.2019 08:11 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп


    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.10.2019)

    Овен

    Во текот на овој ден ќе имате многу обврски на работата и тоа целосно ќе ве исцрпи. Поради истата причина обидете се денес да поминете повеќе време со вашата сакана личност, затоа што на тој начин ќе си ги наполните вашите батерии, а и ќе си ги зацврстите односите помеѓу вас двајца. Далеку од очи далеку и од срце, не заборавајте ја таа вистина.

    Бик

    Вие со задоволство, денес ви сакале да се свртите кон забавата, друштвото, партнерот и се' што е надвор од работните обврски. Меѓутоа, заостанатите обврски нема да ви го дозволат тоа. А тоа ќе ви биде памет за другпат да се обидете да не оставате обврски во текот на неделата за викендот.

    Близнаци

    Денес можете да паднете во пасивна состојба и да не сакате да правите ништо. Ова не е нешто ново кога станува збор за вас, вашиот хороскопски знак секогаш е контрадикторен. Денес ќе сакате само да бидете во мирна атмосфера и да им се препуштите на мислите. Дури во текот на вечерните часови ќе сакате да се дружите.

    Рак

    Доколку за овој ден имате оставено некои обврски кои ви биле преважни, тогаш ќе се покаете. Денес вашата концентрација нема да биде на највисоко ниво, па едвај ќе чекате да завршите со обврските за да можете да се забавувате со вашите пријатели

    Лав

    Денес ќе мора да бидете на сто места во исто време. Како ќе го постигнете тоа ни вие не знаете. Најдобриот рецепт е да си направите приоритети. Но не заборавајте во нив да ја ставите и саканата личност, затоа што љубовта не само што приоритет туку е и нужност. Искористете ги вечерните часови за да излезете заедно.

    Девица

    Би било добро да размислите за секоја ваша постапка. Некако ништо нема да ви биде јасно, мислите ќе ви шетаат на сите страни. Затоа обидете се овој ден да не решавате некои сериозни проблеми, туку препуштете и' се на забавата и одморот.

    Вага

    Голема е можноста дека денес се имате разбудено со желбата се' да направите, без да размислувате дали во тоа ќе успеете или не. Меѓутоа, овој ден ѕвездите не би се наклонети на тоа поле. Затоа искористете ја вашата енергија и заминете некаде на некое убаво место, а можете да ги поканите и пријателите, па да поминете еден убав викенд, затоа што тоа го немате направено со месеци.

    Шкорпија

    Иако овој ден ќе сакате да направите некоја промена во работниот план, сепак нема да успеете. Постојано заборавате дека не се оставаат најважните работни обврски за крајот на неделата, кога енергијата ви е целосно исцрпена. Но затоа, денес на љубовното поле ве очекуваат поинтензивни и поромантични моменти.

    Стрелец

    Бидејќи е викенд, можеби е време да седнете и да изгледате добар филм. Понекогаш интелектуалното знае и тоа како да ја потполни празнината којашто ја чувствувате. Не очајувајте, затоа што вие најдобро знаете дека после дожд доаѓа сонце. Денес, прегрнете ги вашите сакани и бидете среќни што ги имате, но дадете си простор и за вас самите затоа што на никој друг истото нема да му падне на памет. Обидете се да ја избегнете секоја конфликтна состојба.

    Јарец

    Некои неочекувани работи ќе ви се случат денес. На работата ќе ви оди се' како што треба. Меѓутоа не заборавајте ја вашата сакана личност поради излегувањата со вашите пријатели, затоа што денес таа ќе има особена потреба од вас.

    Водолија

    Викенд е, меѓутоа вие денес ќе морате да ги завршите работите кои ви имаат заостанато. Тоа нема да ви биде многу од корист, затоа што ќе ви го одземе времето за вас и вашиот партнер. Но, обидете се да одделите време за вас нм двајца, макар и да заспиете до вашата сакана личност и кога гледате филм. Понекогаш го забораваме значењето на заспивањето до партнерот.

    Риби

    Се надевате на мирен и релаксиран ден, меѓутоа самата работа ќе ви донесе притисок и несакани реакции во текот на денот. Иако се надевавте дека ќе имате време за вашиот партнер, денес тоа ќе биде сведено на минимум. Па затоа и тоа кратко време обидете се да го искористите квалитетно, затоа што вашата страст ќе биде особено нагласена во текот на целиот  ден.