×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.11.2019)

    19.11.2019 07:43 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.11.2019)

    Овен

    Денес ќе имате енергија и можност за да се испробате во некои нови предизвици на работата, не плашете се да ги преземете работите во ваши раце. На љубовен план, ве очекува размена на љубовни прегратки и убави зборови кои ќе ви го разубават денот. Доколку не сте во врска, тогаш обидете се да им дадете можност на луѓето да ви се приближат.

    Бик

    Некоја личност ве иритира со нејзините изјави и нејзиното непреофесионално однесување. Поради нејзината неорганизираност, вие ќе бидете таа која ќе заостанува во работата. Кога станува збор за љубовта, индиректно ќе се обидете да влијаете на одлуката на вашиот партнер, во последно време не секогаш сте задоволни од она што тој го прави.

    Близнаци

    Иако веќе ја имате наклонетоста и симпатијата на работата, сепак не се потпирајте на тоа, затоа што надредените тоа можат да го сфатат како злоупотреба. Денес обидете се да бидете малку повеликодушни кога станува збор за вашата сакана личност, ако не можете да и' подготвите некои изненадување, барем прегрнете ја и напишете и' некоја убава порака.

    Рак

    На работата се обидувате да ги доведете работите во најдобар ред, меѓутоа треба да сфатите дека тоа не е можно доколку во истото не се учествува колективно. Исто така, денес ќе бидете преокупирани и со мислите за најразлични љубовни дилеми на кои никако нема да можете да им најдете решение. Можеби најдобро е да престанете да анализирате и да уживате во мигот.

    Лав

    Кога станува збор за работата денес обидете се да се тргнете од сомничави луѓе, затоа што на тој начин се' повеќе ќе заглавувате во работата иако постојано ќе сте активни.  На љубовното поле, обидете се да не измислуваме изговори за најразлични работи, затоа што на вашиот партнер тие ќе му се очигледни.

    Девица

    Доколку некој денес или во последното време ви зборува дека треба да ја промените кариерата, добро размислете за истото, затоа што може да донесете одлука, која може дополнително да стане погубна за вас. На љубовно поле, обидете се да ги контролирате емоционалните испади, затоа што вашиот партнер ве става на тест.

    Вага

    Иако се наоѓате во работна дилема дали нешто кое го прават вашите колеги е добро или не, сепак ќе се држите на страна и нема да сакате да заземате одредена позиција. На љубовен план, имате чувство дека ви е потребна нечија искрена поддршка и разбирање.

    Шкорпија

    Денес нема да бидете особено заинтересирани за работни обврски и ќе сакате да останете на страна од секакви збиднувања на работата, без разлика дали тие ви нудат перспектива или не. Кога станува збор за љубовта, денес ќе бидете особено критикувани на љубовното поле, затоа што ги занемарувате најважните работи.

    Стрелец

    Денес, на работата ќе се обидувате да воспоставите убава комуникација и со колегите и со луѓето со кои работите, затоа што сакате да најдете убавина и во тоа што го работите. На љубовен план, денес обидете се да ги контролирате вашите импулси пред да ги повредите чувствата на саканата личност.

    Јарец

    Денес на работата ќе добиете информации со кои ќе бидете задоволни и истите ќе можете доколку сакате да ги искористите во позитивна цел. На љубовно поле, не слушајте ги другите кога ви велат дека претерувате со вниманието, во љубовта важат правилата на вниманието, меѓусебното разбирање и сакањето.

    Водолија

    На работата, обидете се да не делувате импулсивно, затоа што нема да донесете некоја особена промена, колку и да се трудите. На љубовно поле, вашето мислење не се совпаѓа со мислењето на вашиот партнер. Меѓутоа, обидете се да ги погледнете работите и од неговата перспектива.

    Риби

    Кога станува збор за работата, обидете се секогаш да го избирате тимот кој ја има најдобрата идеја, за да бидете успешни. На љубовното поле, некој кај вас особено го поттикнува чувството на припадност, затоа обидете се таа личност да ја задржите поблиску до вас.