×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.6.2020)

    19.06.2020 07:16 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (19.6.2020)

    Овен

    Денес не вложувајте многу финансии во беспотребни работи,  мала е веројатноста дека ќе ви се исплатат.

    Очекувајте флертување од страна на личност за која се немате ниту надевано.

    Бик

    Иако атмосферата на работата станува потешка, вие не се откажувате. Вашата упорност е она што денес ќе ве спаси од дополнителни грижи.

    Не дозволувајте вашиот партнер да ви префрла за нешто за што вие не сте виновни.

    Близнаци

    Вистински момент е да ги спроведете вашите идеи на дело. Бидете истрајни и не дозволувајте уморот да си го направи своето. Следува викенд!

    Не вртете се кон нешто кое поминало, затоа што ве очекува убав викенд со некој кој може да биде и вашата иднина, а не само сегашност.

    Рак

    Денес ќе имате чувство дека нешто ви недостига и дека токму заради тоа се наоѓате на маргините. Престанете постојано да се преиспитувате, така само станувате понеодлучни.

    Не бидете премногу строги со вашиот партнер, обидете се да ја разберете и неговата страна.

    Лав

    Потрудете се да го извлечете максимумот од она што ви се нуди во моментот. Работните обврски навистина ви се напорни, но и ви носат финансии.

    Доколку се чувствувате осамено не плашете се тоа да го кажете на вашата блиска личност. Доколку тоа е вашиот партнер тогаш не двоумете се да се сокриете во неговата прегратка.

    Девица

    Доколку денес сакате да ви заврши мирно денот тогаш прифатете ја помошта која ви се нуди и уживајте во остатокот на слободното време.

    Сакате промена на љубовното поле, односно ви недостигаат и мали романтични моменти кои ќе ви ја стоплат душата.

    Вага

    Доколку не се наоѓате во добра финансиска состојба, тогаш денес внимавајте на вашата "жед" за трошење, која ќе биде изразена повеќе од вообичаено.

    Нема да бидете расположени за љубовни состаноци, па вечерта ќе сакате да ја поминете со пријатели.

    Шкорпија

    Денес ќе се трудите да завршите се' што имате зацртано, за да ви остане слободен викендот.

    Можеби навистина сте незадоволни со љубовниот живот, но тоа не значи дека треба да се затворите во четири ѕида и тоа да биде вашиот живот. Разменете го просторот, можеби и мислењата ќе ви се сменат.

    Стрелец

    Досега до  се' доаѓавте само затоа што се трудевте и повеќе од што требаше. Денес обидете се на работата да ги завршите само неопходните работи, па енергијата сочувајте си ја за убавиот викенд кој ве очекува.

    Уживајте во викендот, времето ќе го поминете покрај некоја интересна личност.

    Јарец

    Денес себеси ставете се на страна и сослушајте што имаат другите да ви кажат, посветете им внимание на оние кои ви посветуваат вам.

    Доколку не сакате целосно да се скарате со вашиот партнер, тогаш спуштете ја топката.

    Водолија

    Ништо не може да ве демотивира. Вие ги следите вашите планови и спремни сте да се вложите повеќе од вообичаено.

    Не бидете насочени само кон себе, погледнете го малку и вашиот партнер, ова е добар ден за да му спремите некое мало изненадување.

    Риби

    Не преземајте поголем товар од оној кој можете да го носите на себе. Денес ќе се чувствувате уморно.

    Бидете пореални со очекувањата од вашиот партнер. Вашиот партнер може да претчувтвува некои работи, но не и со сигурност да ги знае сите работи а вас, ако вие не му ги кажете.