×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.10.2019)

    21.10.2019 07:21 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (21.10.2019)

    Бик

    Бидете трпеливи и доследни денес. Вашата недоследност може да ве донесе до резултат кој нема да ви се допаѓа. Обидете се да се сконцентрирате за да немате сериозни последици. Инаку, внимавајте денес и во сообраќајот.

    Овен

    Чувствувате дека пристигнува она што ви недостига подолго време. Иако ги завршувате едните обврски сепак ви надоаѓаат и други. Исто така овој ден се очекува и некој прилив на пари. Во љубовната врска, денес нема да има некои значајни промени.

    Близнаци

    Ги имате прорачунато сите свои трошкови, но без разлика денес ве очекуваат и некои дополнителни кои ќе ви создадат главоболки. Исто така во текот на овој ден вашите емоции ќе бидат значително изразени, па затоа искористете го денот добро да се позабавувате со пријателите или да и' пишете убава порака на вашата сакана личност. Убав почеток на неделата на љубовен план.

    Рак

    Во текот на овој ден ќе се одделувате од другите луѓе поради вашето размислување за одредена работа за која сметате дека е доста сериозна. Меѓутоа, овој ден ќе се обидат некои луѓе и да ве фатат во костец со нивните проблеми, па затоа обидете се да стоите на страна. Како и да е, денес ве очекува напорен ден, не дозволувајте тоа да ви се одрази и на емотивен план.

    Лав

    Овој ден постојано ќе сте заангажирани со некоја работа. Доколку немате некои обврски, тогаш ќе сакате да прочитате некоја книга, да пробуричкате нешто на интернет или да си го исчистите домот. Кога станува збор за љубовта, денес не ве очекуваат некои особени промени.

    Девица

    Mногу лесно ќе го решите проблемот за кој и не сметавте дека има некое брзо решение. Затоа не бидете постојано напнати, понекогаш работите се решаваат тогаш кога ќе се опуштите. На љубовното поле ве очекуваат изненадувања, обидете се само да не изгледате незаинтересирано.

    Вага

    Oколку вас ќе се најдат доста убави вести. Меѓутоа, вие сепак ќе бидете скептични и нема да верувате дека се' може да биде така убаво. Кога станува збор за љубовта, ве очекуваат страствени моменти. Искористете го истото за убав почеток на неделата.

    Шкорпија

    Особена зангажираност и нервоза на почетокот на неделата. Премногу работа и нефер односи. Меѓутоа, сето тоа нема да ве спречи да го завршите успешно денот, затоа што понекогаш препреките се тука и за да ја искушат вашата способност. Инаку, денес ќе имате особена потреба да бидете до некој кој ви се допаѓа, но за тоа ќе ви е потребно повеќе труд.

    Стрелец

    Во текот на овој ден е можно да ви се случат некои проблеми, но вие упорно ќе се трудите да поминете низ трнливиот пат. Не дека не сте навикнати. Кога станува збор за љубовта, обидете се да не се нервирате и да не реагирате бурно.

    Јарец

    Добра можност за да го добиете она што го сакате на работата. Се' што треба да направите денес е да се однесувате рационално и доследно, никој не е слеп за тоа. Во текот на вечерта ве очекуваат страствени моменти, па затоа обидете се да дојдете дома порано и да се одморите.

    Водолија

    Денес дефинитвно ќе ви биде потребна помош од некој ваш пријател или колега, затоа не срамете се да ја побарате. Никој човек не може да направи се' сам. На љубовно поле, денес очекувајте дека вашиот партнер ќе се однесува понежно од вообичаено, искористете ја можноста за да му покажете колку многу ви значи и да ги "стоплите" разладените односи.

    Риби

    На работата ќе сте нервозни затоа што ќе видите дека на некои работи не можете да влијаете и дека ќе останат такви какви што се. Вашето нерасположение не пренесувајте го на другите. На љубовното поле, денес ве очекуваат убави мигови. Слободните припадници на овој хороскопски знак нека излезат некаде или нека му пишат порака на оној кој им се допаѓа.