×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.10.2019)

    22.10.2019 06:47 | KumanovoNews

    Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (22.10.2019)

    Овен

    Очекувајте позитивни реакции од луѓето околу вас, затоа што денес ќе влијаете позитивно на вашата околина. Вашата енергија која зрачи со благопријатна насмевка ќе биде она што им е потребно на луѓето при почетокот на неделата. На емотивен план, се препорачува да не бидете толку критички настроени, затоа што се' што ќе направите, а нема да биде размислено ќе ве однесе во подлабоки дилеми и недоразбирања со вашиот партнер.

    Бик

    Одлично расположение ве очекува во текот на овој ден, со оглед на тоа што денес ќе бидете отворени за комуникација со луѓето, а тоа ќе ви донесе позитивни промени. Понекогаш навистина треба да дозволите да се почувствувате убаво и во обични разговори. Не бидете секогаш со резерва. На емотивен план, ќе уживате со вашиот партнер и нема да сакате да се оптеретувате со проблемите кои ве мачеа претходната недела.

    Близнаци

    Повторно започнува вашето пресилно темпо на работа. Повторно бркате некоја цел која ќе ви ги одземе силите и ќе ве направи физички поранливи. Затоа обидете се остатокот од вечерта да го поминете во домашна атмосфера и да се одморите.

    Рак

    Вашето расположение денес ќе биде на завидно ниво, затоа што ќе имате осет и на она што ќе го кажете и на тоа да не им одземате многу време на луѓето. Едноставно, ако денес почувствувате дека треба да поразговарате со вашите надредени на работата, направете го тоа. На емотивниот план, денес ќе уживате во друштвото на вашиот сакан.

    Лав

    Размислете за работниот договор кој ви го нудат. Не оставајте работите сами да се завршат, затоа што тоа нема да се случи. Обидете се да направите промена на професионалното поле, ако тоа не ви се допаѓа. Вашите стресни ситуации, воглавно доаѓаат од таму. На емотивен план денес ве очекува итересен разговор со некоја нова личност.

    Девица

    Премногу брзате со некои договори. Оставете ги работите да се движат по својот тек. Понекогаш колку и да сакаме да и го промениме текот на "водата", таа ќе најде природен начин за да се врати на патот. Така е и со некои животни ситуации. Понекогаш работите треба да се остават да течат по својот природен тек. На емотивен план, вашиот партнер ќе очекува многу повеќе од она што вие го нудите, затоа "засукајте си ги ракавите" и заслужете ја неговата насмевка.

    Вага

    Иако имате многу недоумици, сепак овој пат ќе им дозволите на работите да течат по својот тек. Она што вам ќе ви пречи е тоа што некако многу време  ќе потрошите на чекање. На љубовното поле, денес ќе сакате секоја организација да ја препуштите во рацете на вашиот партнер, а вие да уживате.

    Шкорпија

    Денес ќе биде нагласена вашата несигурност, речиси на секое поле. Па дури ќе се чувствувате и финансиски несигурни и при купување на најмала ситница. Иако, оваа несигурност ќе ви се пренесе и на емотивниот план, она што може да направите е да се опуштите со добро туширање, затоа што лекарите ја препорачуваат водата за справување со стресот.

    Стрелец

    Променливо расположение ќе ве следи во текот на овој ден. Не донесувајте избрзани одлуки за кои подоцна може да се покаете. Кога станува збор за вашата емотивна состојба денес ќе се чувствувате премногу нестабилно, поради несериозност која понекогаш вашиот партнер знае да ја покаже.

    Јарец

    Иако во суштина во текот на овој ден нема да имате некои сериозни потешкотии, вие сепак ќе бидете беспотребно вознемирени. До кога планирате вака? Обидете се да најдете решение, најпрво со смирување на вашите мисли. На емотивен план, денес ве очекува интересен разговор.

    Водолија

    Иако вие не сакате да слушате туѓи совети, денес тоа нека не биде така. Голема е веројатноста дека нечиј совет денес може да предизвика да избегнете некоја непријатна стапица. Кога станува збор за емотивниот живот, денес повеќе ќе сте насочени кои луѓето кои ви се додворуваат, отколку кон саканата личност.

    Риби

    Сакате да започнете доста важен разговор со вашите работодавци, но денес не ви се овозможуваат такви можности. Почекајте го вистинскиот момент. Кога станува збор за љубовта, денес особено ќе сакате да сте во близина на вашиот партнер, но тоа ќе биде малку отежнато. Но, ништо не е невозможно, кога се сака!