×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.11.2020)

    23.11.2020 08:56 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (23.11.2020)

    Овен

    Кога станува збор за работата, денес ќе имате чувство дека вашите зборови воопшто немаат тежина кај луѓето кои одлучуваат за финансиите. Во текот на овој ден обидете се да не летате премногу високо, туку спуштете се на земја и бидете она што сте покрај партнерот.

    Бик

    На работата денес ќе размислувате за промена на условите во кои се наоѓате, бидејќи нема да можете да ја поднесете површноста и неодговорноста на колегите. На љубовен план, денес ќе сакате мирни средби со вашиот сакан, а не бурни забави во кои нема да знаете како да се адаптирате.

    Близнаци

    Денес на работата обидете се да ги избегнете ривалските односи и насочете се на вашата посилна страна а тоа е креативноста, иновативноста и работливост пред се'. На љубовен план, ви недостига емотивен поттик и истото денес индиректно ќе го добиете од некоја личност која ја сметате само за добар пријател.

    Рак

    Денес  вашите работни ангажмани ќе ги ставите на приоритетна листа, а сето тоа може да придонесе да изледате како нечувствителна и ладна личност. А всушност, реалноста е сосема спротивна, денес вие ќе чувствувате емотивна празнина. Обидете се да поразговарате со вашиот партнер, затоа што можеби има некој проблем кој сака да го сподели со вас и поради истото чувствувате напнатост и двајцата.

    Лав

    Не сакате да се помирите со професионалниот строг режим и постојано сте бунтовни по тоа прашање. Сметате дека на работата треба да се случат промени и не се откажувате од истото. На љубовен план, повторно ќе надвладеат вашите желби, без да размислите дека вашата сакана личност си има свои мерила.

    Девица

    Без разлика дали станува за добро рамислена работа или не, денес ќе имате мала можност да смените нешто во вашето работно опкружување. Едноставно, приклучете се на успешниот табор, за успешно и мирно да го поминете денот. На љубовен план, иако се обидувате да ги избегнете љубовните двосмислености, сепак не успевате да излезете на крај со самите себе.

    Вага

    Иако мислите дека можете да донесете некоја промена на работата, не бидете толку убедени. Едноставно за да дојде до промена потребно е  многу време, а притоа и труд за да се смени работното опкружување. На љубовен план, доколку мислите дека треба да ја израдувате личноста која ви значи тогаш обидете се да сфатите најпрво во какво расположение е, па дури потоа спремете му некое изненадување.

    Шкорпија

    Доколку денес постојат некои ситуации на работата кои ги решавате со помалку успех, тогаш обидете се да ги препуштите работите во рацете на  вашите поуспешни колеги, а вие бидете дел од истиот тим. На љубовно поле, повторно сте вие таа личност на која нешто и' недостига, можеби е најдобро, денес да ја оставите организацијата во рацете на вашиот сакан.

    Стрелец

    Иако целата недела размислувате и за вашиот професионален живот, обидете се сепак да ги погледнете работите од поширока перспектива, понекогаш можеби и само еден коментар може да ве однесе или на погрешен или на вистински пат. На љубовен план, обидете се да не претерувате и да не ги правите работите кои навистина ја нервираат вашата сакана личност.

    Јарец

    Обидете се да го одредите точното место во тимот во кој работите. Односно, не се обидувајте да ги зголемувате вашите способности пред луѓе кои имаат многу поголемо искуство од вас. На љубовен план, обидете се денес да бидете промислени во она што го зборувате, затоа што вашата брзоплетост може да биде лошо интерпретирана од страна на вашата сакана личност.

    Водолија

    Потпрете се на вашиот инстинкт и не дозволувајте  сечиј коментар да ве обесхрабри. Кога станува збор за работата, бидете повнимателни со колегите на кои им доверувате информации. На љубовен план, насочете се кон компромисот со вашиот партнер. Нема никаква потреба да бидете горделиви и своеглави и истото да ви донесе само дополнителни нервози.

    Риби

    Денес на работата со вашиот став и самиот начин на комуникација ќе делувате мотивирачки на вашите соработници, а со помош на тоа многу полесно ќе ги завршите работните обврски. Кога станува збор за љубовта, од вниманието и убавиот гест никогаш не е доволно, обидете се да го изненадите вашиот партнер.