Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Денес ве очекуваат пријатни разговори поврзани со вашата работа. Сепак, вие ќе се обидете да бидете одговорни, иако нема да ви се допаѓаат опциите кои ќе ви се нудат. На емотивен план ве очекуваат нервозни моменти, обидете се да го контролирате бесот, за да не зажалите за некои непромислени зборови.
Бик
Денес ќе имате особена потреба за повеќе активности на вашата работа. Вашата мотивација за извршување на обврските ќе биде особено нагласена, но тоа нема да го забележуваат оние кои треба да го забележат и сето тоа ќе ви пречи. На емотивен план ве очекува нерасположение. Голема е веројатноста дека нервозите од работата ќе ги пренесете и на вашиот партнер.
Близнаци
Добар ден кога станува збор за забава. Иако од вас ќе се очекува одговорност, сепак вашата енергија денес ќе наликува на "пеперутка" и постојано ќе сакате да ги ширите крилјата и да летате на онаа страна на која вие сакате. Очекувајте интересни разговори кои ќе ја разбудат вашата фантазија за љубовта.
Рак
Тешко дека ќе успеете да ги завршите сите обврски за кои сметавте дека денес мора да ги тргнете од глава. Некако ќе делувате расеани во текот на целиот ден. Се' ќе ви е поинтересно од она што навистина треба да го правите. На љубовен план, ве очекува недоразбирање со вашиот партнер. Можеби треба да ги оставите работите такви какви што се, за да видите дали вашиот партнер ќе се обиде да најде решение.
Лав
Вниманието во текот на целиот ден ќе ви биде дефокусирано од работата, иако вие ќе се претрпувате со обврските за кои свесно знаете дека нема да може да ги завршите. Понекогаш делувате нелогично и вие целосно сте свесни за тоа. На љубовен план, ќе чувствувате притисок од вашиот партнер и воопшто нема да ви пречи да го кажете тоа.
Девица
Има некои денови во кои ништо не ви оди од рака, а денес е токму таков ден. Не обвинувајте се себеси, не е до вас, едноставно коцките денес нема да ви се поклопат ниту вам ниту на луѓето околу вас. Но затоа пак, на емотивен план ќе успеете да оддржите нормална комуникација со вашиот партнер.
Вага
Иако навидум денес ќе наликува дека сте ги завршиле работите, сепак на крајот од денот ќе забележите дека тоа било само делумно. На емотивен план, иако вие ќе бидете негативно настроени и спремни за кавги, запомнете дека вашиот партнер е тука за да го сакате, а не да го исфрлувате бесот врз него.
Шкорпија
Непријатно ситуации на работата ќе ве очекуваат денес. Дури и ќе се почувствувате финансиски нестабилни. Кога станува збор за љубовта, не занемарувајте ја личноста која подолго време се труди околу вас, можеби зад она што вие го гледате се кријат многу интересни работи. Дадете му можност да го запознаете.
Стрелец
Денес иако ќе сакате да делувате на работата, сепак ќе ги немате сите "алатки" во рацете, вашите колеги како да нема да сакаат да соработуваат и да понудат помош. На емотивен план, ѕвездите велат дека е голема веројатноста за недоразбирање со вашиот партнер.
Јарец
На работата денес ве очекува доста напорен ден, па дури и отежната комуникација со вашиот партнер. Обидете се на моменти да се исклучите со мислите од случувањата за да си ја разбистрите главата. На емотивен план, иако ќе имате огромна желба да бидете до вашиот партнер сепак мали се можностите за тоа.
Водолија
Иако вие лично се чувствувате добро, сепак тоа не значи дека ќе имате лесен ден. Постојано ќе наидувате на некои препреки кои на крајот од денот ќе ви ја одземат и енергијата и силата. Затоа оваа вечер искористете ја за да се одморите дома. На емотивен план, веќе подолго време сте заинтересирани за некоја личност, но запомнете дека секоја вредна работа не се добива лесно.
Риби
Енергијата денес во ниту еден случај нема да ви влијае добро. Ниту вашата ниту на луѓето околу вас. Колку и да се трудите, се' ќе биде попусто. Дури и на емотивен план ќе се чувствувате занемарено. Ова ви се случува затоа што во последно време постојано ја занемарувате вашата личност, а постојано сте посветени на сите други.