Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневен хороскоп
Овен
Вие сте навистина амбициозни кога станува збор за некој нов проект, па веднаш се вклучувате кога имате можност. На љубовен план, обидете се да ги следите примерите на "успешните бракови", затоа што не можете да го имате нивното искуство.
Бик
Уживајте во денот во кој работата ќе ви оди лесно и не двоумете се доколку можете да направите некоја професионална зделка со која ќе заработите повеќе пари. На љубовен план, обидете се да расчистите што вие навистина сакате: дали љубов или чиста страст?
Близнаци
Доколку чувствувате дека финансиски сте слаби, позајмите пари од некој кој навистина ви е близок, а не некој кој е тоа само на зборови. Кога станува збор за љубовта, вие денес ќе размислувате за повеќето опции кои ги имате, затоа што веќе во ништо не сте сигурни.
Рак
Денес финансиски нема да се чувствувате стабилно, па затоа обидете се трошоците да ги сведете на минимум. Не разочарувајте се, затоа што навистина најскапите работи не се купуваат со пари. На љубовен план, ќе се чувствувате емотивно добро, без некои драматични испади.
Лав
Доколку имате планови да соработувате со некоја блиска личност, тогаш искористете ја таа убава привилегија да бидете дел од нешто кое ќе е и заедница, а не само работа. На љубовен план, не занемарувајте го вашиот партнер, затоа што сјајот на гламурот не е ништо во споредба со него.
Девица
Ако вашата работа ви овозможува да патувате, тогаш не пропуштајте ја истата можност која може да ви го разбранува секојдневјето и да ви донесе повеќе убавина. На љубовен план, сакате промена, бидејќи чувствувате здодевност во она што го имате.
Вага
Вам ѕвездите денес ви предвидуваат добар ден за заработка, меѓутоа до вас е како истото ќе го искористите. На љубовен план, чувствувате емотивна стабилност и мислите дека конечно сте задоволни со она што го имате.
Шкорпија
Не очекувајте некоја драстична промена овој ден на работата, затоа што тоа ве очекува кон крајот на неделата. На љубовен план, на некој начин ќе побарате од вашиот партнер доказ за неговата љубов, затоа што станувате се' повеќе сомничави.
Стрелец
Денес особено ќе бидете загрижени за вашето здравје, па дури и малите детали поврзани со него ќе ги преувеличувате. Заморот си го прави своето и се надевате дека во новата година работите ќе се сменат барем малку на подобро. На љубовен план, искористете ја ноќта за да си поминете убаво.
Јарец
Денес нема да имате сили да донесувате некои важни одлуки поврзани со вашата работа, па затоа ќе стоите на страна доколку се најдете во истата ситуација. На љубовен план, излезете и позабавувајте се затоа што секојдневното седење дома се' повеќе ви ја одзема енергијата.
Водолија
Ако денес не се чувствувате целосно одморени за да го дадете максимумот на работата и да ги завршите обврските пред почетокот на новата работна година, тогаш искористете го денот за да здивнете и тоа да го направите во наредните денови. Кога станува збор за љубовта, веќе се' повеќе му давате значење на вашиот однос со партнерот, затоа што гледате дека тој е секогаш тука за вас.
Риби
Можеби е време за да седнете и да почнете да размислувате за тоа на кој начин да станете позадоволни со вашата работа. На љубовен план, склони сте кон тајните афери кои се' повеќе ви стануваат интересни, но тоа не значи дека ќе ви донесат среќа. Обидете се да ги разграничи те работите помеѓу среќа и задоволство.