×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.2.2020)

    24.02.2020 07:54 | KumanovoNews

     Дневен хороскоп

    ДНЕВЕН ХОРОСКОП (24.2.2020)

    Овен

    Денеска нема да бидете премногу нервозни, можеби ќе се појави некој со кого нема да се согласувате, но и тоа ќе го надминете лесно. Исто така, во текот на овој ден, ќе размислувате за љубовта но на подолгорочен план.

    Бик

    Денес ќе успеете да си ја постигнете целта, па дури е можно да добиете и некои други понуди за работа. Исто така ќе се чувствувате задоволни од денот и ќе сакате да се релаксирате со вашата сакана личност.

    Близнаци

    Размислувајте позитивно, затоа што треба да ја донесете одлуката дали со некој ќе соработувате или не. Денеска на љубовното поле ќе ви е потребно нешто повеќе од забава.

    Рак

    Не им верувајте на Стрелците и Лавовите и не им покажувајте што навистина мислите. Имате големи очекувања иако знаете дека не може да биде се' онака како што вие го замислувате.

    Лав

    Во последен момент ќе се откажете од некој проект, затоа што сметате дека заслужувате многу повеќе. Денеска ќе по чувствувате дека саканиот ви додева и ќе се обидете да најдете начин како да се тргнете на страна.

    Девица

    Денеска ќе бидете во круг со многу луѓе но ќе се чувствувате убаво, затоа што тие ќе ве поддржуваат. Проблемите со вашиот партнер ќе ги решите на многу лесен начин-во креветот.

    Вага

    Имате можност за лесна заработка, a покрај работата и добро ќе се забавувате. Задоволни сте со вашиот сегашен љубовен статус.

    Шкорпија

    Денес ќе бидете поопуштени на работата, но сепак ќе имате чувство дека некој нешто би спрема зад грб. Можеби саканата личност денеска ќе ја повреди вашата суета, а тоа нема да и' е првпат.

    Стрелец

    Иако не сте нервозни сепак денес ќе ви пречи присуството на Ракот и ќе сметате дека без негово присуство полесно ќе ја завршите работата. Можност за нова афера, но ќе размислувате за разликата во годините.

    Јарец

    Решени сте да ги оставите работите да одат по својот тек и вие немате сили постојано се' да држите под контрола. Уживате во присуството на партнерот, денот е поволен за заедничко дружење.

    Водолија

    Денеска ќе имате големи амбиции и нема да се задоволувате со малко. Со саканата личност се обидувате да направите компромис и да престанете да се расправате и за најмали ситници.

    Риби

    Некои илузии денес ќе ги оставите на страна, можеби нема да ви биде пријатно, но мора ситуацијата да ја разгледате од реална страна. На љубовното поле задоволни сте од она што го живеете и не сакате ништо да менувате.